ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО ФЕМИНА

Македонија на прво место на листата со жени-истражувачи на европско ниво

February 12, 2021 18:39
in ДЕНЕС, МАГАЗИН, ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Според Институтот за статистика на УНЕСКО, во Македонија има повеќе жени истражувачи отколку мажи. Односно, од сите истражувачи во државата, дури 53,4% се жени.

Институтот за статистика на УНЕСКО (UIS) собира и анализира податоци од областа на технологијата, образованието, науката, културата и комуникацијата. Во јуни 2020-та тие ги објавија и нивните податоци за застапеноста на жените ширум светот во науката.

Со истражувањето, Институтот дошол до веќе добро познат заклучок – жените се малцинство во светот на науката и во речиси сите држави, има повеќе мажи истражувачи отколку жени.

Но, нивното истражување открива и интересен податок. Кога станува збор за застапеноста на жените во истражувачките дејности во европските држави, Македонија се наоѓа на врвот.

Односно, 53,4% од истражувачите во Македонија се всушност жени.

Овој процент ја става Македонија на првото место на континентот, а веднаш зад нас се Латвија со 52,2% и Србија со 51,4%. Во првите пет се наоѓаат и Црна Гора и Литванија, со 49,9%, односно 49,5%.

„Генерално, жените го сочинуваат малцинството во светот на истражувачите. Оваа брошура ги прикажува глобалните и регионалните профили, нагласувајќи каде жените напредуваат во овој сектор, и каде се во многу мал број“, пишуваат од UIS.

Според добиените податоци, ширум светот, во истражувачката дејност само 30% од истражувачите се жени. Тие се најзастапени во Централна Азија – 48,5% од истражувачите се жени – а најмалку во Јужна и Западна Азија, каде што само 23,1% од истражувачите се жени.

Сличен извештај беше објавен и во 2019-та година, а и тогаш Македонија се наоѓаше на врвот, со 52,3%. Ова значи дека минатата година е забележано подобрување.

Користејќи го извештајот од 2019-та, еден статистичар направи и интересна мапа на која се прикажани податоците.

Милош Поповиќ од Србија е статистичар кој изработува вакви мапи, со кои визуелно прикажува разни податоци, како колку студенти ја напуштиле државата, стапка на смртност од рак и слично, најмногу фокусирајќи се на Европа и Балканот.

„На Интернационалниот ден на жените и девојките научници, мојата мапа ја покажува огромната разлика во бројот на жени истражувачи низ Европа, во проценти“, пишува на објавата за извештајот од УНЕСКО.

 

 

 

Next Post

(ВИДЕО)Што е вистинска љубов? - "Го чекав овој миг толку долго" - разделени од корона вирусот повторно заедно

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk