Токму пред Св. Валентин, светот го обиколи видео од брачен пар чија љубов не згаснала ни по 60 години брачен живот.
Поради Алцхајмерова болест, Барбара била сместена во дом за стари лица во јули минатата година, а на Луис му било дозволено да ја посетува само еднаш неделно. Сега, тој одлучи да се всели во истиот старечки дом и да биде заедно со својата сакана.
Емотивната средба нема да ве остави рамнодушни: