ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

РСБСП: „Заљуби се во безбедното возење, уживај во убавините на животот!“

February 13, 2021 12:15
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО

Живееме во непредвидливо време, време на пандемија на Ковид 19 но и време на пандемија на сообраќајни незгоди во кои повеќе од 1.3 милиони луѓе во светот годишно го губат животот, а околу 50 милиони се потешко или полесно повредени. „Заљуби се во безбедното возење, уживај во убавините на животот!“ – е пораката која Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ја испраќа по повод празникот на љубовта и виното, Св. Валентин и Св.Трифун.

– Во ова тешко време, секој од нас, повеќе или помалку, почнува да сфаќа дека суштината на животот не е во секојдневната трка со времето, секојдневната потрага по пари и дека животот не е бескомпромисна борба во која мора да се успее, прегазувајки ги сите хумани и цивилизациски вредности. Животот е нешто сосема друго. Животот е љубов, другарство, почитување, солидарност, толеранција…. Животот го сочинуваат луѓето и нештата кои секојдневно ве опкружуваат, кои ве прават среќни и кои ви даваат позитивна енергија и сила да успеете во тоа што го работите. Св. Валентин или Св.Трифун, денот на љубовта и виното, е денот кога треба да застанете и да размислите што ви нуди животот, што ви нуди љубовта, што е тоа што ве прави среќни и задоволни, информираат од РСБСП.

Оттаму потенцираат дека Св. Валентин или Св.Трифун е денот кога треба да размислите дали вреди да ги жртвувате сите убавини и радости кои ги носи животот само затоа што сакате да возите под дејство на алкохол, затоа што сакате да „беснеете“ по улиците, затоа што се срамите да ставите појас, затоа што сакате да се „сликате“ додека возите, затоа што сакате да се „покажете“ пред другите, затоа што возите без возачка дозвола…..

– Лажат или не знаат тие кои што велат дека возат и се тркаат по улиците за да го подигнат адреналинот затоа што животот се живее само еднаш. Не, за жал само еднаш се умира, а животот, со сите негови убавини, се живее секој ден. Размислете, што е тоа што вреди, а што е тоа што не вреди. Размислете за вас и за вашите најблиски, најсакани и најмили. Размислете што е тоа што вас и вашите најблиски ве прави среќни, весели и радосни, велат од РСБСП .

По повод празниците Св. Валентин и Св.Трифун, од РСБСП уште еднаш потсетуваат: „Не дозволувајте поради една лоша одлука или лоша навика да предизвикате сообраќајна незгода со која ќе го загрозите сопствениот живот или животот на некој друг. Последиците од сообраќајните незгоди се трајни и болат засекогаш. Младоста оправдува многу нешта, но не и загубите и болката предизвикана од сообраќајните незгоди“.

РСБСП им го честита Св. Валентин и Св.Трифун на сите млади, на сите заљубени, на сите кои сакаат да прослават, кои веруваат во овие празници и кои ги почитуваат позитивните и убавите нешта во животот. Ги повикува сите заеднички да го прославиме празникот на љубовта и виното со тоа што ќе испратат емотивни и едукативни пораки и совети до своите најмили: Заљуби се во безбедното возење, уживај во убавините на животот!; За нас и нашата љубов, раскини му на алкохолот и брзото возење!; Срце си што никогаш не возиш пијан. Среќен празник!; Во име на нашата љубов, биди внимателен секогаш кога седиш зад воланот!; За тие што ги сакаш, и тие што те сакаат, гушни го појасот и почитувај ги сообраќајните правила и прописи!

Next Post

Бектеши: Пописот нуди многу важни и опширни податоци неопходни за рамномерен регионален развој

НАЈНОВО

Мицкоски вели „јасен е победеникот на локалните избори, а тоа е владејачкото мнозинство“

August 20, 2025
Фото: Фронтлајн

Одложено судењето за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Тамара Котевска со приказна за штрковите со светски премиери во Венеција и Торонто

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk