Портпаролот на Меган Маркл и принцот Хари потврди дека парот го чека своето второ дете, пренесува Гардијан.
„Можеме да потврдиме дека Арчи ќе биде поголемиот брат. Војводата и војвотката од Сасекс се пресреќни што го очекуваат своето второ дете“, рекол портпаролот.
Новото бебе ќе биде осмо во редот за престолот. Првите седум места ќе останат непроменети – принцот од Велс, војводата од Кембриџ, принцот Џорџ, принцезата Шарлот, принцот Луи, принцот Хари и принцот Арчи.
Меган Маркл во ноември минатата година објави дека во текот на летото имала спонтан абортус.