Иако „случајно“ беше фотографиран со лопатата во раце, а потоа и пофален во неколку блиски медиуми, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, сепак не ја употребил за да го исчисти снегот пред неговата куќа. „А1он“ вечерва направи обиколка за да провери колку снег исчистил Мицкоски по фотографирањето, но останало истото парче, пред влезната порта, кога што беше фотографиран попладнево. Останатиот простор пред домот на Мицкоски е под снег и мраз. Улицата е заледена и лизгава од ниските температури.
Мицкоски во текстот објавен на неколку портали беше претставен како домаќин кој не се срами да фати лопата и го расчистува снегот, но речиси целиот двор му е под снег.
И социјалните мрежи вријат од коментари по објавата со наслов: „Професор, политичар и лидер, ама и граѓанин за пример: Мицкоски ги засука ракавите и се фати за лопатата“. Твитерџиите меѓу првите се јавија со коментари како: „По фатов на лопатата ова му е вторпат во живот“, „Не му се засукани ракавите“, „Професор, политичар, лидер, лопатар“, „Од лопата се почнува, прашај Грујо“.
Извор: А1 ОН