ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Холштајн: Владата е на вистинскиот пат, во Германија јасно се гледаат напорите кои С. Македонија ги прави во енергетскиот сектор

Германија тука става 80.5 милиони евра на располагање за обновливи извори на енергија преку поволни кредити. Подготовката на оваа програма ја поддржуваме со 2.4 милиони евра дополнителни средства кои денеска ќе ги потврдиме со нашава спогодба и на тој начин ќе ја стартуваме оваа програма за енергетска ефикасност во која се вклучени зелени технологии и конвенционални хидроцентрали, ветерници но и соларни електрани “, потенцира амбасадорката Холштајн

February 15, 2021 12:27
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ЗЕЛЕНА СТРАНА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Повеќе од 20 години Германија ја поддршува С. Македонија со финансиската соработка која оди преку државната KfW банка. Македонија има ставено на располагање 500 милиони евра за развој од кои половината од нив беа во енергетскиот сектор. Главен елемнт во соработката е првата ветерна централа кај Богданци. Сега се работи на втора фаза на овој ветерен парк, која исто така оди преку KfW банка.“, истакна германската амбасадорка во С. Македонија Анке Холштајн при потпишувањето на договорот за грант од Германија наменет во обновливи извори за енергетска транзиција.

Германската амбасадорка нагласи дека Владата е на вистинскиот пат и дека во Германија многу јасно се гледаат напорите кои С. Македонија ги прави со реформите во енергетскиот сектор.

„Во Германија јасно се гледаат предностите што ги право С. Македонија во реформите на енергетскиот сектор и особено во регулирањето во рамките на енергетската заедница. Владата е на вистинскиот пат. Таа се бори за странски директни инвестиции за обновливи извори на енергија, но исто така поддржува зелени инвестиции во јавниот сектор и ЕСМ.“, рече Холштајн.

Таа додаде дека овие активности се во контекст на Зелениот договор на ЕУ со цел на македонската влада да ѝ се овозможи да помине со енергетската транзиција подобро.

„Германија тука става 80.5 милиони евра на располагање за обновливи извори на енергија преку поволни кредити. Подготовката на оваа програма ја поддржуваме со 2.4 милиони евра дополнителни средства кои денеска ќе ги потврдиме со нашава спогодба и на тој начин ќе ја стартуваме оваа програма за енергетска ефикасност во која се вклучени зелени технологии и конвенционални хидроцентрали, ветерници но и соларни електрани “, потенцира амбасадорката Холштајн.

Договорот го потпишаа генералниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски и директорот на KfW за Северна Македонија и Косово, Рене Ешеман. Обраќање имаше и премиерот Зоран Заев.

J. Ѓорѓиоски

 

Next Post

Реакција од Општина Ѓорче Петров: Очигледно ВМРО ДПМНЕ политиката ја сфаќа како игра и парада на небулози и лаги

Shortcut

Најново

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026

ХЕРА: Северна Македонија назадува во заштитата на човековите права и родовата еднаквост

October 23, 2026

Србија во изборен молк: Неизвесна трка

October 23, 2026

Над 134 илјади нерешени судски предмети во судовите

October 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk