ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Реакција од Општина Ѓорче Петров: Очигледно ВМРО ДПМНЕ политиката ја сфаќа како игра и парада на небулози и лаги

February 15, 2021 12:48
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Очигледно ВМРО ДПМНЕ политиката ја сфака како игра и парада на небулози и лаги. И додека комуналната екипа на Ѓорче Петров  ревносно ја врши својата работа, Oпштинскиот комитет на ДПМНЕ кој обожува да се слика и на минусни температури, им се потсмева и презира, стои во реакцијата од Општина Ѓорче Петров, на пресот на Ленче Неловска, Општински Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорче Петров, со наслов „Наумовски треба да одговори дали рачното фрлање на сол за потсмев, чини над 100.000 евра ?”.

„Општина Ѓорче Петров подготвена ја дочека зимската сезона. Секоја година, на располагање се ставаат сите расположливи ресурси од човечки кадар и механизација. Општината не располага со механизација за зимско одржување. За таа цел, секоја година се објавува повик за јавна набавка за зимско одржување на улици и патишта на територија на општина Ѓорче Петров, при што се избира најповолниот понудувач.

Техничката спецификација предвидува,  изведувачот да има минимална резерва на 50 тони сол и минимална резерва на 50 метри кубни ризла.  Колкава количина ќе се искористи зависи од временските услови, а наплатата се врши по извршената услуга.

Изминатите 48 часа расфрлени се 32 тони сол низ руралниот дел на општината, распрскани  се    12 000 литри емулзиона течност низ коловозите на територија на општината а расчистени се и снежните наноси на патот кон село Кучково.

Сите патишта во општина Ѓорче Петров се проодни.

Рачното фрлање како што тие го наракуваат за потсмев е единствен начин на чистење на снег на места каде што механизацијата нема пристап.

Реториката на ,,криминалии”, „пари кои завршуваат во некој џеб”, „розова реалност”, ,,бомбона бизнис” е само описно искжано работењето на ВМРО-ДПМНЕ.

Понижувањето на работникот за сметка на себепромоција и собирање партиски аплаузи не е така заборавена работа. ВМРО-ДПМНЕ не можат да се помират со низата капитални проекти кои се релазираат во општината какои напредокот  на Ѓорче Петров.

Секоја прес конференција е само уште една нова лага на ДПМНЕ кои бессрамно покажуваат како сакааат да управуваат со парите на граѓаните.“, се вели во демантот од Општина Ѓорче Петров.

Next Post

За ноќва и утре изутрина најавени најниските температури зимава

Shortcut

Најново

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Отсуство на чувството за време

October 5, 2026

Избори во Србија – остри кампањи, Вучиќ ја врзува опозицијата со „странски служби“, студентите со кампања од врата до врата

October 4, 2026
Броила (фото: Електродистрибуција)

ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

October 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk