ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Филипче ќе се вакцинира кога ќе пристигне втората пратка вакцини

February 15, 2021 18:06
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во земјава засега има 4 680 дози од вакцините на „Фајзер“, кои земјава ги доби вчера од Србија, од каде вкупно треба да пристигнат 8 000.

Во среда во земјава почнува имунизацијата од ковид-19, а првите вакцини ќе бидат наменети за медицинскиот персонал на Инфективната клиника.

Со оглед дека во голем број земји, каде веќе започна имунизацијата, меѓу првите кои се вакцинираа беа претставници од здравствените власти или други високи државни функционери, прашавме и дали министерот Филипче ќе биде меѓу првите кај нас.

„Министерот за здравство Венко Филипче ќе се вакцинира кога во земјава ќе пристигне втората пратка вакцини. Министерот остава предност на неговите колеги кои се изложени на голем ризик во ковид – центрите низ државата“, велат од неговиот кабинет за 360 степени .

Во земјава засега има 4 680 дози од вакцините на „Фајзер“, кои земјава ги доби вчера од Србија, од каде вкупно треба да пристигнат 8 000.

„Со оваа пратка вакцини, имунизација ќе се спроведува само во модуларната болница во Скопје. Со пристигнувањето на другите дози вакцини во државата, ќе се врши дистрибуција на вакцини низ останатите здравствени домови во земјава каде вакцинацијата ќе се спроведува во постоечките вакцинални пунктови“, соопштија денеска од Министерството.

Модуларната болница е поставена покрај Инфективната клиника. Таму, во средата во 10 часот, на шест вакцинални пунктови треба да започне имунизацијата. Пунктовите ќе работат во две смени од 8 до 20 часот, а според утврдениот план, термините за вакцинирање ќе бидат на секои 10 минути.

Филипче и претходно најавуваше дека ќе се вакцинира меѓу првите, но и дека нема да го зема редот пред неговите колеги здравствени работници.

„Во смисла на тоа со која вакцина јас лично би се вакцинирал … Немам резерва кон ниту една вакцина, без намера да ја земам предноста пред колегите кои работат со ковид-пациенти. Во смисла дека вакцините се безбедни и дека не треба да има сомнеж кај граѓаните, јас би се вакцинирал меѓу првите со која било вакцина која ќе пристигне во земјата“, -изјави Филипче пред десетина дена.

 

Next Post

Шахпаска: Дијалогот е отворен, целта е јасна – недела ќе биде неработен ден

Shortcut

Најново

ХЕРА: Северна Македонија назадува во заштитата на човековите права и родовата еднаквост

October 23, 2026

Србија во изборен молк: Неизвесна трка

October 23, 2026

Над 134 илјади нерешени судски предмети во судовите

October 22, 2026

Веб-страници низ Европа беа привремено исклучени поради безбедносен пропуст – што навистина се случи?

October 22, 2026

Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk