Министерот за правда Бојан Маричиќ не забранил да се користи името „Македонија“ во називите на приватни субјекти. Во овие овие неколку месеци додека е на позицијата министер за правда потпишал повеќе решенија за трговски друштва да го користат истото, секако согласно Уставот и законите.
Во одговор за НОВА ТВ, од министерството информираат дека само во месец јануари оваа година, такви одобренија, кои според постоечкиот Закон го издава Министерството за правда, добиле компаниите „Фохит Македонија ДООЕЛ Скопје“ и „ФОТОМАКЕДОНИЈА СГ ДООЕЛ“. Според списокот на регистрирани компании истата пракса била и во текот на минатата година.
Сите овие решенија се потпишани од министерот за правда Бојан Маричиќ.
28.1.2021
Р Е Ш Е Н И Е
СЕ ОДОБРУВА Здружението за изградба на Македонската православна црква СВЕТА ЛИДИЈА МАКЕДОНКА-ЧЕНТО, Скопје да ги содржи зборовите Македонската и Македонка во називот на здружението.
14.1.2021
Р Е Ш Е Н И Е
СЕ ОДОБРУВА Здружението Македонска сомелиерска асоцијација-МАКСА, да ја содржи придавката Македонска во називот на здружението и кратенката МАК во скратениот назив на здружението.
2.2.2021
Р Е Ш Е Н И Е
СЕ ОДОБРУВА Здружението за екологија, едукација, спорт, култура и развој на свеста на граѓаните за историјата на македонскиот народ МАКЕДОНСКА ПРЕРОДБА Сопиште, да ги содржи придавките Македонска и Македонскиот во називот на здружението.
11.12.2020
Р Е Ш Е Н ИЕ СЕ ОДОБРУВА Здружението Македонска Асоцијација на Планински и Ски Водичи на Република Северна Македонија, да го содржи зборот „Македонија“ и придавката Македонска во називот на здружението.






