ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ќучук: Да се врати довербата меѓу Северна Македонија и Бугарија, историјата да се остави на историчарите

February 17, 2021 13:43
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Билатералните прашања да се решаваат во билатерален формат, а историјата треба да биде оставена на историчарите. Важен дел од секоја рамка се добрососедските односи. Потребно е да се врати меѓусебната доверба, со цел да изградиме здрави добрососедски односи за идните генерации.

Ова денеска го изјави известувачот во Европскиот парламент за Северна Македонија, бугарскиот европратеник Илхан Ќучук, кој е во посета на земјава, на заедничката прес-конференција со шефот на дипломатијата Бујар Османи.

– Историските прашања треба да се решаваат од компетентни историчари. Разговорите за историјата треба да бидат оставени на професионалци. Политичарите се одговорни да носат политички одлуки, не да ги сокријат под килим, и да речат виновни се историчарите, рече Ќучук, додавајќи оти заедничката Комисија треба да ја продолжи работата и оти мора да се врати меѓусебната доверба, бидејќи, посочи, без тоа не можат да се постигнат добри резултати.

Ќучук посочи дека нивната улога како политичари е да не прават ѕидови, туку да ги уриваат, а граѓаните на Северна Македонија и на Бугарија да живеат во попросперитетен свет.

– Стратешки интерес на Северна Македонија е да биде во ЕУ, а исто така и стратешки интерес на Бугарија е Северна Македонија да биде дел од ЕУ, и поради тоа има потреба од разговор, чесност во односите, враќање кон Договорот од 2017, бидејќи без доверба не можат да бидат постигнати добри резултати, потемцира Ќучук.

Во однос на нацрт-резолуцијата за земјава, што претстои да се усвои од страна на Европарламентот, Ќучук рече дека неговата улога како известувач е објективна и ја отсликува реалната слика за земјава, истакнувајќи дека Северна Македонија има силен ангажман во реформите.

– Достигнувањата како што се членството во НАТО и во ЕУ бараат наднационален консензус и во тоа сите треба да имаат улога – граѓаните повеќе да бараат од политичарите, но и конструктивност од опозицијата. Реформите, што се важен дел од програмата на Владата, треба да продолжат многу интензивно, бидејќи Европската Унија бара длабоки реформи, рече Ќучук.

Тој истакна дека во тешки моменти Северна Македонија подавала рака на ЕУ и обратно – Унијата подавала рака на Северна Македонија, бидејќи, како што оцени, интерес на ЕУ е да биде глобален политички играч ,а тоа е можно само со интегрирање на Западниот Балкан во Европската Унија.

Шефот на дипломатијата Османи, од своја страна посочи дека Северна Македонија испорача на сите полиња и заслужува вреднување, а ЕУ треба да ја операционализира одлуката од март минатата година и да ја одржи првата меѓувладина конференција.

– Европскиот парламент да го вреднува нашиот напредок. Сведоци сме на гласната поддршка на Европскиот парламент во сите фази на нашето пристапување во ЕУ и ја цениме Вашата лична заложба што овој важен документ што го изготвувате, ќе ја отсликува реалната слика и ќе претставува важен импулс не само за земјава, туку и за регионот, посочи Османи.

Османи, во контекст на дијалогот со Бугарија, додаде оти земјава е подготвена да работиме за да ги отстрани сите пречки кон полноправното членство во ЕУ.

– Се одвива политички дијалог со Бугарија да не дозволиме поширок застој во билатералните односи, а во тој контекст при крај сме и со Акцискиот план, рече министерот Османи.

 

/МИА/
Next Post

Ново рочиште за случајот „Друмарина“ закажано за 4-ти март

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk