ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Филипче: 70% од сите здравствени работници сакаат да се вакцинираат

February 17, 2021 20:56
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Министерот за здравство д-р Венко Филипче во гостувањето во дебатната емисија „Топ Тема“ на телевизија Телма изјави дека 70% од целокупниот број на здравствени работници сакаат да се вакцинираат со вакцини против КОВИД-19.
„Здравствените работници што сега се пријавија испратија добар сигнал. 70% од целокупниот број на здравствени работници кажаа дека сакаат да се вакцинираат. Вакцините се безбедни, развиени на сигурни платформи. Штитат 100%, буквално сите вакцини кои се сега на пазарот од смрт и од тешка форма на болеста. Тоа е единствениот начин да се смени сликата за пандемијата во светот“, потенцираше Филипче.
Тој информираше дека начинот на кој беа регрутирани здравствените работници кои сакаат да се вакцинираат беше со упатување на писмо до секој директор, до вработените кои работеа со КОВИД пациенти, не само во самата институција, туку и оние здравствени работници кои беа вклучени во системот на ротација да покажат волја за вакцинирање.
„Ги добивме назад списоците со име и презиме и на тие пријавени здравствени работници се направи соодветниот распоред. Во точниот ден и делот од денот со саатница и минути за да се јават на вакцинација. Одлично оди вакцинацијата. Сакавме почетокот да биде централизиран и под контрола. Тоа значи дека сите вработени кои изразија интерес – здравствени работници, доктори, медицински сестри кои работат со КОВИД пациенти ќе бидат вакцинирани во пунктот кај инфективната клиника. Овие два до три дена прво институциите во Скопје, а после тоа вработените во другите болници ширум државата ќе доаѓаат во овој пункт, и вработените во приватните болници“, истакна Филипче.
Во емисијата, Филипче рече дека Северна Македонија ќе биде една од ретките земји што целосно ги има вакцинирано сите здравствени работници кои работат со КОВИД пациенти.

„Сакаме сите кои работат со ковид пациенти да бидат вакцинирани на едно место. Со таа динамика од 300 до 500 за многу брзо време ќе стигнеме до 4000 вработени. Тоа е бројка којашто е сега организирана, во следниот момент кога ќе стигнат останатите количини на вакцини системот на вакцинација ќе се дисперзира насекаде низ државата. Во сите вакцинални пунктови, во сите здравствени домови капацитетот за вакцинирање помеѓу 2.500 и 4.000 согласно пријавените на ден. Тоа е сосем задоволителна бројка и навистина може за кратко време еден сериозен процент од населението, надвор од здравствените работници да се вакцинира за што побрзо да се постигне колективен имунитет“, посочи Филипче.

Next Post

Вечерен преглед:70% од сите здравствени работници сакаат да се вакцинираат, билатералните односи да се решаваат посебно од европската рамка

НАЈНОВО

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

(ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk