ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев на средба со индиската амбасадорка Капур: Честитки за лидерството кое носи развој на државата и интерес за унапредување на економската соработка

February 18, 2021 13:38
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, се сретна со Пуџа Капур, амбасадорката на Република Индија за Република Северна Македонија, која го завршува својот мандат, информираат владини извори.
На состанокот се упатени честитки за напредокот на нашата држава, како нова членка на НАТО и земја којашто се движи кон ЕУ, каде што e констатирано дека припаѓа, географски, историски и според политиките водени во европски дух. Пренесено е дека во премиерот Заев не се гледа само како на политичар, туку и како на лидер визионер и дека е тоа препознаено и вреднувано пошироко во светот. Во насока на оценетиот развој на државата, изразен е интерес за продлабочување на соработката во областа на економијата, земјоделството, здравството, културата.

Премиерот Заев се заблагодари на индиската амбасадорка за успешниот мандат во којшто е реализирано и скорешното потпишување меморандум за соработка помеѓу министерствата за здравство на двете држави, како добра појдовна основа за унапредување на соработката во здравствената сфера.

„Станавме членка на НАТО и работиме во делот на европските интеграции. Преку политиките на дијалог и разбирање ги зацврстуваме и добрососедските односи. Веруваме во слободата, демократијата и ќе продолжиме во оваа насока да ја развиваме државата. Посветени сме на растот на економијата и на животниот стандард на граѓаните и поради тоа ни е важна соработката со сите држави со коишто можеме да ги споделуваме овие вредности и да придонесуваме во подобрувањето на квалитетот на живот во земјата“, рече премиерот Заев.

На состанокот е констатирано дека Република Северна Македонија и Република Индија ги поврзува пријателскиот дух на луѓето, а како мост за поврзување е посочена хуманистката Мајка Тереза која е родена во Скопје, а се посветува на мисионерска дејност во Индија.

Next Post

Царовска, Груби и Адеми договорија измени во учебникот по географија каде се навредува албанската заедница

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk