ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Калајџиев: Проблематични се додатоците за доверливост во СЈО, тоа им е работа

November 28, 2019 16:29
in ПОЛИТИКА, ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Прашањето за надоместоците е покомплексно отколку што изгледа. Очигледно беше дека веројатно е договорено или на некој начин се чувствувало за потребно, со оглед на ситуацијата во која тие ја вршеа функцијата, изложени дури и на опасност, дека бараат за таа функција посебен надомест. Мислам дека тоа малку е несмасно и проблематично изведено, бидејќи доверливоста спаѓа во нормалните одговорности, тоа е работа на обвинителите и тоа го има секој обвинител, не само овие, и не може да е оправдување за толку високи хонорари, пренесе МИА.

Ова денеска го изјави претседателот на Хелсиншки комитет и професор на Правниот факултет при УКИМ Гордан Калајџиев, во изјава за медиуми по одбележувањето на 25 години Хелсиншки комитет.

Смета дека е проблематично што овие средства се делени и без правилник и дека обвинителката Катица Јанева ги делела, како што рече, малку од ракав и со тоа претпоставува таму правела и раздор, или придобивала поблиски соработници, што смета дека е и малку шпекулација.

Во однос на ветингот во судството, рече дека тоа е многу сложено прашање и има неколку опасности.

– Поучени од лустрацијата и слични процеси мислам дека може да се исполитизира и само да се изгуби и време, и дури и да има штетни последици. А исто би значело и маргинализирање или поткопување на нормалното функционирање на системите кои ние ги имаме, кои треба да се подбутнат за да функционираат, смета тој.

Оцени дека на ветингот може да се гледа и како на нешто посуштинско, односно да се направи некакво рестартирање на системот.

– Според мене, би било подобро да се размисли за ремоделирање на системот, но за тоа треба допрва да се води дискусија, затоа што овој систем на судска самоуправа, што се форсира во земјите во транзиција и на младите демократии во повеќе држави особено во Македонија не даде успех и резултати како што се очекуваа, со оглед на тоа што функционираа определени механизми во овие држави, кои што наместо да ги направи овие судски и обвинителски совети алатка за заштита на независноста, ги направи алатка за политички влијанија, рече Калајџиев.

Оценува и дека ветингот според него нема да ги даде посакуваните резултати.

– Јас се шегувам и велам наместо да се прават разни комисиии од странци и политичари да го дадат на неколку луѓе што имаат  навистина познавање ги знаат од внатре проблемите – неколку чесни судии и можеби би можел да ги води новинарот Саше Димовски тој многу добро ги знае проблемите, рече Калајџиев.

За политичарите вели дека се главниот вирус во судството што го прави корупмирано.

– Тие се главниот вирус во судството што го корупмира а сега се спасуваат дека судиите се расипани, они си се добри, судиите се расипани сега нив ќе ги проветруваме. Нас ни треба да ги реформираме политичките партии кои функционираат бољшевички, со една елита што ја раководи целата држава, без да се има сенс за институциите, меѓусебните контроли во една модерна демократија, оценува професорот Калајџиев.

Next Post

Познатиот Борис Буден гостува на КРИК – фестивал за критичка култура

Најново

Од печат излезе „Амбиент“ – книга осма на Зоран Иванов

April 26, 2026

(ВИДЕО) Историја во Лондон: Саве ја проби границата „под два часа“ и постави нов маратонски стандард

April 26, 2026

Николоски: ЕУ ни помагаат за изградба на коридорите 8 и 10

April 26, 2026

Ристески: Општина Аеродром троши 138 милиони денари за „сокачиња“, тендерот повторно кај омилената фирма на ВМРО-ДПМНЕ

April 26, 2026
Фото: СДСМ

Филипче: Изјавата на Мицкоски дека децении ќе чекаме е признание дека оваа влада не сака во ЕУ

April 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk