ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Познатиот Борис Буден гостува на КРИК – фестивал за критичка култура

Во рамки на годинашното четврто издание на КРИК – фестивал за критичка култура во организација на Контрапункт, во петок (29 ноември) предавање на тема „Нација без својства“ ќе одржи познатиот хрватски филозоф Борис Буден. Предавањето ќе се одржи во Чифте амам, Национална галерија, со почеток во 19, 30 часот

November 28, 2019 16:35
in КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Во рамки на годинашното четврто издание на КРИК – фестивал за критичка култура во организација на Контрапункт, во петок (29 ноември) предавање на тема „Нација без својства“ ќе одржи познатиот хрватски филозоф Борис Буден. Предавањето ќе се одржи во Чифте амам, Национална галерија, со почеток во 19, 30 часот.

Во своето предавање, Буден ќе се осврне на јазикот, за кој генерално се подразбира дека е она што нацијата ја воспоставува како нација – најмногу од кое било друго својство. Некогаш беше препознаен и како медиум кој ја одредува уникатноста на духот на нацијата. Денес пред сè ја претставува суштината на културниот идентитет, вид на супер својство кое ги прави можни останатите својства како националната историја, националната култура или, пак, заедничкото чувство на припаѓање. Но што доколку националните јазици денес, во ерата на глобализацијата и дигитализацијата, ги поттикнуваат и искусуваат забрзаните процеси на маргинализација и деградација? Што доколку повеќето од нив се во опасност од целосно дигитално истребување? Предавањето ќе се фокусира на процесите на таканаречената ре- вернакуларизација на националните јазици во денешна Европа и далекусежните општествени и политички последици од ваквата растечка тенденција?

Предавањето ќе се одржи на хрватски јазик.

Борис Буден е филозоф, писател, публицист, критичар на културата и преведувач. Студирал филозофија во Загреб и докторирал во сферата на Културната теорија на Хумболтовиот универзитет во Берлин. Во 1990 е основач и уредник на магазинот и издавачката куќа „Аркзин“ во Загреб. Неговите есеи и написи се поврзани со теми од филозофијата, политиката, културната и уметничката критика. Буден учествува на разни конференции и уметнички проекти во западна и источна Европа, Азија и Америка, вклучувајќи ја и Документа XI. Помеѓу неговите најзначајни преводи на хрватски се и најзначајните дела на Сигмунд Фројд. Автор е на неколку книги на хрватски и на „Der Schacht von Babel: Ist“, „Kultur übersetzbar?“ (2004), Übersetzung: Das Versprechen eines Begriffs (2008, with Stefan Nowotny), „Zone des Übergangs: Vom Ende des Postkommunismus“ (2009), „Findet Europa“, (2015), „Transition to Nowhere“ (2019). Борис Буден е постојан соработник на Европскиот институт за прогресивни културни политики, во Виена. Предава теорија на културата на Факултетот за уметност и дизајн, во рамки на Баухаус универзитетот во Вајмар и на Универзитетот за применети уметности во Виена. Живее и работи во Берлин.

Четвртото издание на Фестивалот, годинава со тема „Човек без својства – политики на маргините“,  ги спојува различните дискурзивни, уметнички, општествени, активистички и политички практики низ кои критички ги истражува и презентира алатките, размислите и дејствувањата преку кои ќе можат да се создадат новите текстови на културата и уметноста.

Оваа година „КРИК – фестивал за критичка култура“ се одвива како процес низ неколку етапи во годината. Особено ни е важно прераснувањето во платформа и форум за критичка култура, низ која ќе бидат во постојан разговор и конфронтација сите можни алтернативи на промислување на општеството, политичкото, културата, низ агонот со нормираното, зададеното и воспоставеното.

КРИК 04, со темата „Човек без својства – политики на маргините“ е посветен на разговор, критичко промислување и анализа на политичкиот, економскиот и, пред сѐ уметничкиот синдром кој го живееме, а тоа е синдромот на човекот без својства кој е во постојана залудна потрага по изгубеното време.

Човекот без својства е човек на неприпаѓање, своевиден анархист, кој е во постојана потрага по методологијата со која практиките на неприпаѓање ќе ги вообличи во еманципаторски процеси. Бидејќи практиките на неприпаѓање водат во еманципација. Тој се обврзува кон процесите и кон изнаоѓање на вертикали на содржината преку која ќе го артикулира отпорот.

Next Post

Заев: Со една изборна единица најмногу добива демократијата во државата

Shortcut

Најново

Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk