ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Со една изборна единица најмногу добива демократијата во државата

Апсолутно сакам, потцрта Заев, доколку е можно сите да застанат зад тоа, но во парламентарната демократија се знае ако 61 глас кажат „за“ тоа е закон.

November 28, 2019 16:36
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Очекувам државотворен капацитет. Партиските интереси да ги ставиме на страна кога се работи за интересот на граѓаните на државата и да го смениме моделот во една изборна единица и да донесеме законска обврска 50/50, изјави премиерот Зоран Заев, посочувајќи дека со тоа најмногу добива демократијата во државата и се отстранува можноста од идно поставување на автократии.

Апсолутно сакам, потцрта Заев, доколку е можно сите да застанат зад тоа, но во парламентарната демократија се знае ако 61 глас кажат „за“ тоа е закон.

Коалицискиот партнер ДУИ не се согласува, но јас сметам, рече Заев, дека треба малку повнимателно да се пресмета и да видат дека треба да се согласат.

– ВМРО-ДПМНЕ ако повнимателно се пресмета треба да се согласи, ако навистина верува во демократијата. Во новата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ знам дека сте за и за мене е јасно дека верувате во демократијата, изјави Заев.

СДСМ и Коалицијата, подвлече Заев, е за една изборна единици и ние остануваме зад тоа и апелирам ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да се приклучат на ваквите иницијативи и модели.

– Претседателот на Собранието не е овде и нема да зборувам на различноста на коментарите дали има време или нема време. Јас тврдам дека има време, затоа што треба само да се смени гласачкото ливче и сето тоа што е поврзано со гласањето како процес. Огласна табла, како се огласува, како стои на гласањето и сето што е поврзано. Друго нема техника и технологија што ДИК треба да се подготвува и избирачките одбори нешто да се менуваат, изјави Заев.

Ова, според Заев, претставува значаен демократски исчекор, каде најмногу губи СДСМ, па губи ВМРО-ДПМНЕ, па губи ДУИ, ама и добива, по што сите други добиваат, а на крајот најмногу добива демократијата во државата и се отстранува можноста од идно поставување на автократии во државата.

– Придобивки има многу, но најголема е демократизацијата. Дава можност на помалкубројните партии да учествуваат во Парламентот. На крајот, имате мултиетничка земја и дава посериозна можност за посериозна застапеност на помалите и помалкубројни заедници, изјави Заев.

Повика да се отвори дебата во Собранието за тоа, како што рече, дека гледа оти државата губи сериозен државен капацитет, со тоа што жената тешко се враќа на рамноправна основа со мажот.

– Кој прво да го направи ако не Парламентот. Чекорите треба да ги правиме. После тоа треба да следи Влада, па да следат институциите, секако локалните самоуправи и слично. Тоа се вредности и верувам дека ќе се избориме како парламентарен состав, изјави Заев.

Сите сме разумни луѓе, посочи Заев, но гледам проблем и никој не ме информирал дека има проблем во спроведувањето за изборите на 12 април.

– Претседателот на ДИК јавно кажа дека се подготвени и за новиот изборен модел. Ги прашувам членовите од СДСМ кои се во ДИК, викаат да подготвени сме за новиот изборен модел. Не ни треба време, зошто имаме четири месеци до изборите, изјави Заев.

Посочи дека во Министерството за правда постои работна група и зборува за препораките ОБСЕ/ОДИХР, но дека не очекуваат Министерството да биде решение за изборниот модел.

– Според мене, решението дали изборниот модел ќе остане ист или ќе се менува е работа на Парламентот. Убаво е да се постигне консензус, но за мене е неприфатливо да не се дојде на состанок на помалите политички партии и парламентарни групи на повик да се разговара за едно вака важно прашање. Јас бев присутен како претседател на најголемата политичка партија во државата и јасно ги кажав своите ставови дека СДСМ и Коалицијата со која настапивме на изборите застанавме зад една изборна програма во која што стои и ветувањето –  една изборна единица, изјави Заев.

Посочи дека СДСМ се и за отворени листи, но нагласи дека една изборна единица за пратенички листи и отворени листи заедно не треба да одат.

– Можеме да направиме отворени листи на следните локални избори и сега да го вградиме во законот, а една изборна единица да одиме сега, објасни Заев.

Next Post

НФФ: Лицата со попреченост маргинализирани и невидливи во руралните средини

Shortcut

Најново

Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk