„Предозирањето ми предизвика оштетување на мозокот и до денес се справувам со ефектите од тоа. Не возам автомобил затоа што има места во видното поле кои ми се слепи“, се исповеда Деми.
Деми Ловато (28) отворено говори за уништувачките ефекти кои ги имало врз неа предозирањето со дрога од 2018 година, за која се верува дека најверојатно е херoин. Таа тврди дека била на чекор од смртта.
Пејачката во најавата за новиот документарен филм „Dancing With The Devil“, кој ќе има премиера на 23-ти март, открива морничави детали од тоа што доживеала.
„Имав три мозочни удари. Имав срцев удар. Мојот доктор рече дека ми преостануваат уште само 5 до 10 минути живот“, е дел од исповедта на Деми во серијалот од 4 епизоди.
Во видеото се појавуваат и нејзините пријатели кои погодуваат дали станува збор за предозирање со хероин и на тој начин Деми индиректно потврдува дека станува збор за оваа дрога.
Потоа на екранот се појавува тетовираната дланка на Деми со инфузија во болница, а на лентата пишува 20 август 1992, односно денот на раѓање на Деми, како и 24 јули 2018, денот кога била примена во болница.
Додека зборува за инцидентот кој ѝ го променил животот неа, на нејзиното семејство и пријатели, Деми својата истрајност ја споредува со онаа на мачка со 9 животи.
„Имав многу животи, како мојата мачка. Но, знаете, сега го користам 9-от. Подготвена сум да се вратам на она што го сакам, а тоа е правење музика.“
„Предозирањето ми предизвика оштетување на мозокот и до денес се справувам со ефектите од тоа. Не возам автомобил затоа што има места во видното поле кои ми се слепи“, се исповеда Деми и додаде дека долго време имала тешкотии со читањето, поради тоа што и два месеци по предозирањето видот ѝ бил многу матен.
Деми додава дека се справува со последици кои ја потсетуваат што може да се случи пак ако повторно заврши на тоа темно место и дури им е благодарна на овие потсетници.
Во документарецот се прикажуваат и сцени од блескавата страна на животот на Деми со видеа од зад сцената при концерти, изведби на сцена, а и интимни интервјуа со нејзините најблиски.
„Ја преминав границата која никогаш не требаше да ја преминам“, заклучува Деми.