ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Се вакцинираат здравствените работници, од голема важност е тоа да го направат и возрасните, како најризични

February 19, 2021 07:58
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Вакцинацијата во земјава се одвива веќе два дена. Се вакцинира првата група, здравствените работници, со вакцините од Фајзер, донација од Србија. Вакцинацијата се одвива во модуларната болница на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, а интерес за вакцинирање изразиле 70 отсто од здравствените работници.

Интерес за вакцинација има и кај возрасната група граѓани. Податоците објавени од Министерството за здравство  покажуваат дека од 85 179 лица  кои се заинтересирани да примат вакцина, 38 илјади се над 70-годишна возраст.

Со Сојузот на здруженија на пензионери вчера средба оствари министерот за здравство Венко Филипче на која, како што соопшти, апелирал дека од голема важност е пензионерите да се вакцинираат против коронавирусот бидејќи се во најризичната група и најголем дел од нив се со хронични заболувања.

Вакцинацијата во земјава почна завчера со имунизација на 202 здравствени работници. Се одвива во Скопје, во Модуларната болница, а вработените во ковид-центрите од другите болници во текот на викендот и почетокот на следната недела ќе доаѓаат тука. Понатаму вакцините ќе се дисперзираат низ целата држава. Пунктот во Модуларната болница, каде има шест вакцинални позиции работи во две смени од 8 до 20 часот, а вакцинацијата ја спроведуваат медицински тимови од Здравствениот дом Скопје.

Имунизацијата од Модуларната болница се врши со 4.680 од предвидените 8.000 дози вакцини од производителот „Фајзер“ кои државава го доби како донација од Србија. Со пристигнувањето на другите дози вакцини во државата, ќе се врши дистрибуција на вакцини низ останатите здравствени домови во земјава каде вакцинацијата ќе се спроведува во постоечките вакцинални пунктови. До крајот на месецов се очекуваат и 200 илјади вакцини од кинеската компанија „Синофарм“. Во земјава треба да пристигнат и дополнителни дози од „Фајзер“ кои се обезбедени од директните преговори со компанијата, како и дози преку Ковакс системот.

Од Министерството за здравство наведуваат дека сите вакцини се безбедни и развиени на безбедни платформи и дека со нив, секој ден сме чекор поблиску до крајот на пандемијата предизвикана од КОВИД-19.

Во втората фаза согласно Националниот план за КОВИД-19 вакцинација, ќе бидат опфатени новинарите и медиумските работници  кои спаѓаат во делот на категоријата граѓани од витални институции за функционирање на државата.

Министерот за здравство на средба со Младен Чадиковски претседател на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Драган Секуловски извршниот директор и Тамара Грнчароска и Павле Беловски членови на Извршниот одбор на Самостојниот синдикат на новинари и медиумските работници (ССНМ) истакна дека тоа значи дека новинарите и медиумските работници ќе се вакцинираат веднаш после завршување со вакцинирање на групите кои се предвидени во првата фаза.

Вакцинацијата за новинарите и медиумските работници од радиодифузерите, печатените и он-лајн медиумите, на целата територија на државата, ќе биде доброволна.

Изготвувањето на списоците на заинтересираните вработени во медиумите за вакцинирање ќе треба да бидат поднесени од секој медиум поединечно, во соработка со ЗНМ, ССНМ и Министерството за здравство. Терминот за вакцинирање на пријавените во медиумите ќе се утврдува согласно протоколите за имунизација на Министерството за здравство, а детали околу постапката за пријавување ќе следи во текот на следните две недели.

Раководителот на подрачната единица на Центарот за јавно здравје во Гевгелија, епидемиологот Сашко Олумчев вчера оцени дека почетокот на вакцинирањето против КОВИД-19, ќе го забрза процесот на создавање колективен имунитет, доколку постигнеме да вакцинираме најмалку од 300 до 400.000 граѓани.

-Ова го велам од причина што различни серолошки студии сугерираат дека бројот на заразени пациенти е четири до шест пати поголем од бројот на регистрирани случаи. Според тоа, ако во моментот бројот на регистрирани во земјава е близу 98.000 и тој број се помножи со 4 или 5, тогаш реално на почетокот на месец март би имале околу половина милион граѓани кои на некој начин, со или без симптоми, веќе ја прележале болеста, рече Олумчев.

Сепак додаде оти ова е само негово размислување и како што рече, сè уште е рано да се зборува, имајќи ја предвид појавата на разните мутации на вирусот во нашата земја.

Вчера во земјава беа регистрирани нови 373 случаи на заболени од КОВИД-19 од направени 2.345 тестови. Регистрирани беа 309 оздравени пациенти, а починати осум лица, сите во болнички услови./ МИА/.

Next Post

Северна Македонија го презема претседавањето со ЦЕФТА

НАЈНОВО

Фото: МИА

Марш за ангелите во Кочани: Родителите до институцииите – „Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми“

November 8, 2025

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

November 8, 2025
Футуристички колаж со човечки профил во силуета, неуронска мрежа што се спојува со галактичка светлина во златно-сини тонови – симбол на свесниот универзум.

Космосот што размислува: Науката зад идејата за свесен универзум

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Каде го загубивме чувството за срам?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk