ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Македонската туристичка берза за дојдовен туризам годинава на интернет платформа

February 22, 2021 11:51
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

 Петтата по ред македонската берза за дојдовен туризам годинава поради здравствената криза предизвикана од КОВИД-19 ќе се оддржи на интернет платформата mtb.org.mk, на 25-ти и 26 февруари, информираат од Националната асоцијација за дојдовен туризам на Македонија, кои се воедно и организатори на берзата.

На виртуелниот настан може да учествуваат сите тур-оператори/туристички агенции кои работат во доменот на дојдовниот туризам, хотели, ресторани, превозници и туристички атракции. Предноста од учеството, велат организаторите, е тоа што ќе може да ги промовираат своите услуги и производи пред странските тур оператори, да разговараат со нив и да стекнат нови контакти кои ќе им помогнат во натамошна соработка. Оваа година настанот, додаваат организаторите, нема да се разликува по обем, туку само по начинот на реализација.

Тие се задоволни од досегашната заинтересираност зашто говори големиот број на пристигнати апликациии за приклучување кон берзата. Сите присутни, додаваат организаторите, ќе добијат исклучително вредни совети за тоа како да се искористат предностите на дигитализацијата во туризмот. Ќе ги слушнат новите глобални трендови презентирани од потврдени светски експерти во областа на туризмот а, најважно од сѐ, ќе се запознаат со нови потенцијални соработници. 

-Постојат различни можности за компаниите, во зависност од нивниот интерес. Нашата платформа нуди можност да ги промовираме нивните понуди пред странските тур оператори, да закажуваат состаноци со нив, да разменуваат контакти и мислења и да слушаат предавања од врвни светски ескепрти кои ќе зборуваат за она што може да го очекуваме во иднина, вели Влатко Сулев кој е претседател на НАИТМ.

На платформата, што веќе е активна и ги очекува останатите апликации, може да се забележат шест потврдени врвни имиња кои ќе имаат свои предавања. Дел од нив се Френк Мар– специјалиство дигиталната сфера, Тине Мурн- основач на „Мајнбранд УК“, Марлон Ван Хее- експерт за туризам, тренер за извозен туризам и проект менаџер.

-Берзата ќе трае два дена, но контактите и стекнатото знаење ќе останат многу подолго. Ние, како организатори, успеавме да договориме голем број реномирани имиња кои ќе ни го пренесат нивното знаење со цел да бидеме во тек со актуелните случувања во туризмот. Од друга страна пак, успеавме да изградиме одчична база на странски компании од туристичкиот сектор кои ќе бидат присутни на самиот настан. Ова е одлична можност за сите да го промовираат она во што се најдобри, додава Сулев.

Организаторите велат дека присутните компании ќе го чувствуваат придобивките во текот на целата година. Платформата ќе функционира и по завршувањето на берзата, а регистрираните компании ќе добиваат нови информации од сферата на туризмот./МИА/

Next Post

Заев за Мијалков: Разочаран сум, народот бара правда, доколку постои одговорност ќе се бара и од судот и од Обвинителството

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk