Премиерот Заев изјави дека е разочаран, но очекува исчезнатиот Мијалков да биде пронајден и да се соочи со правдата. Тој најави дека доколку тоа не се случи, ќе побара одговорност.
„Јас се надевам дека ќе биде исправен пред правдата, односно ќе биде пронајден. Во спротивно, секој што згрешил, ќе одговара. Не знам, БЈБ, АНБ, министерот, па дури и премиерот. Или доколку постои одговорност, ќе се бара и од судот, од обвинителството“, вели премиерот Заев.
Заев додаде дека народот бара правда.
„Се случи уште едно бегство. Мијалков се очекува да биде осуден согласно предметот Таргет-Тврдина. Барам институциите да постапат согласно законот. Убеден сум дека тоа може да се спроведе. Очекувам детални информации и детали и истрага за самиот случај. Нашиот народ очекува расветлување оваа ситуација. Ќе побараме одговорност кога ќе ги знаеме деталите“, истакна Заев.
И. Т. З.