ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Се преговара со сите производители за што побрза набавка на вакцини, кинеските се очекуваат до крајот на месецов

February 22, 2021 13:20
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека се прават напори во земјава што поскоро да стасаат вакцини од сите производители. Кинеските вакцини, најави, се очекува да пристигнат до крајот на овој месец.

– Во делот на пресметките видовме дека се уште има простор за склучување договори, правење нарачки или аванси, такви се модалитетите кога нарачуваме од вакцините. А во обид да кажеме дека еве сите можни вакцини сме направиле напор да ги набавиме па која стигне порано и побрзо тоа е уште подобро. Затоа дадов насоки министерот за здравство согласно стручните експерти кои утврдија дека има можност за уште 100 илјади вакцини веднаш да направат набавка и од таа вакцина која што ја немаме, а тоа е „Спутник“. Влегоа веднаш во разговори, рече премиерот.

Тој му се заблагодари на амбасадорот на Руската Федерација за помошта што поскоро да се завршат формалностите околу преддоговори, договори, осигурување, сите детали што постојат, како и за сите други вакцини за да може, како што потенцира, да очекуваме буквално од сите вакцини што се нарачани.

-Велам сите заради тоа што преку КОВАКС механизмот се и Модерна и Астра Зенека, Фајзер веќе го имаме, од Кина имаме нарачано, така што да знаат граѓаните дека буквално од сите производители на вакцини преку соодветните земји или компании или фондови кои и да се овластените преговарачи склучуваме договори се со конечна цел час поскоро да има доволно количини вакцини, истакна Заев одговарајќи на новинарско прашање по сведочењето во судот за случајот „Титаник“.  

Тој најави дека според информациите со кои располага до крајот на февруари треба да ги очекуваме кинеските вакцини.

-Помина четврток или петок Кинеската нова година, засилена е динамиката. Знам дека вчера иако беше недела од сабајле прво јас пуштив писмо, потоа министерот Бујар Османи пушти писмо преку Кинеската амбасада, но и нашата амбасада за веднаш да ги убрзаме самите процеси за час поскоро да биде направено утоварување. Знам дека бараа конкретен датум за утовар, тоа е во текот на оваа недела, верувам дека до крајот на оваа седмица т.е. на крајот на февруари ќе стигнат кинеските вакцини. А за Спутник ќе ги знаеме деталите веднаш штом се склучат некои договори, преддоговори, папирологии за да може согласно тоа да проектираме датуми кога да се дистрибуираат, иатакна премеитот Заев./МИА/

Next Post

Аријанит Хоџа ќе постапи по укажувањата на Антикорупциска, вели Заев

Shortcut

Најново

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk