Оваа влада отвора фабрики, за разлика од претходната којашто се фалеше со „отворање на споменици“, напиша премиерот Зоран Заев на својата фан страница.
Во објавата пишува:
„Денес во Северна Македонија се отвораат нови сериозни фабрики. За 2 години потпишавме 34 нови договори за странски и домашни инвестиции. Веќе 12 фабрики се изградени и почнати со работа, а 22 фабрики се во процесот на изградба. Ова се двојно повеќе фабрики од најдобриот период на владата на ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните добиваат кога расте економијата vlada.mk/ekonomski-parametri“.