ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Продолжуваат подготовките за пописот, власта ја повикува опозицијата на обединување

February 26, 2021 07:43
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Патриотска партија која се залага за македонштината го повикува својот народ  да се попише за да бидат бројките толку колку што се во реалноста. Пописот ниту ќе даде плус право, ниту ќе одземе некому право. Само ќе ги констатира состојбите во државата, порача вчера премиерот Зоран Заев, повикувајќи ја повторно опозициската ВМРО-ДПМНЕ да учествува во оваа статистичка операција, која, како што рече, е премногу важна и од која ќе произлезат информации неопходни за развојот на државата.

-Вистински патриотски партии коишто се грижат за својата земја не го бојкотираат пописот, не изнаоѓаат начини за собирање потписи кога можат само со еден пратеник овде да го оспорат законот. Вистински партии во земји во кои 20 години нема попис, ете од кои било причини 20 години сме останале без попис, се вклучуваат внатре и учествуваат комплетно заради тоа што насушно и треба на државата за секој нејзин иден план оваа статистичка операција која ја вршат сите земји во светот, така и нашата, рече Заев на собраниската седница за пратенички прашања.

Нагласи дека СДСМ нема никаква намера да се инволвира во пописот од партиско-политички аспект и нема никакви амбиции да мести попишувачи. Ги повика членовите на СДСМ да се јават во  пописните комисии и рече дека очекува да се јават и од ВМРО-ДПМНЕ, како и сите граѓани, пред се, стручни лица.

Министерот за правда Бојан Маричиќ исто така одговарајќи на пратеничко прашања истакна дека подготовките за спроведување на пописот се одвиваат одлично и следната недела, од понеделник, ќе почне попишувањето на одредени категории како припадници на АРМ, лица во воспитно – поправните домови, нашите дипломати, нивните семејства во странство и бездомните лица. Донесен е и здравствениот протокол за изведување на пописот и со тоа и здравствените предуслови и заштитни мерки се подготвени.

Маричиќ посочи дека во услови кога опозицијата собира потписи за да го оспори Законот за попис, од Евростат е добиена официјална потврда дека методологијата и Законот и начинот на кој се планира и ќе се спроведе пописот се во согласност со сите стандарди што се практикуваат во современиот свет.. Ова, додаде министерот за правда, ги руши сите критики на опозицијата за наводно лош и неевропски закон, дилеми дали имало или немало потреба да се стави европско знаменце на законот, за методологијата и за сè друго.

-Затоа испраќаме порака ајде да се обединиме да ја оставиме дневната политика настрана и заедно да го направиме пописот. По ваквиот став на Евростат се исполнети сите предуслови и ВМРО-ДПМНЕ и сите партии да го поддржат пописот наместо да ја опструираат оваа статистичка операција која е од клучно значење за државата и за граѓаните. Лично мислам дека тоа треба да го направат сите политички партии. Ги повикувам да се охрабрат и да го направат тоа, рече министерот за правда додавајќи дека целото општество треба да се мобилизира за успешно спроведување на оваа операција.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пак опстојува на  становиштето дека пописот нема да биде статистичка туку политичка операција и дека власта сака да спроведе фингиран попис. Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Гордана Силјановска Давкова потенцираше дека партијата има полн легитимитет да собира потписи против законот за попис. Тоа е, смета таа, лош закон, донесен без консензус и без слух на власта за амандманите на опозицијата, како што е набавката на апарати за фингер принт, а кои што, додава таа, ќе придонесеа за многу подобар закон за попис.

-Кога парламентарците не сакаат да послушаат други колеги парламентарци, тогаш ќе мора да го послушаат народот. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ отпочна со собирање потписи, кои засега се навистина во импозантен број, рече Силјановска Давкова во телевизско гостување.

Државниот завод за статистика вчера соопшти дека пријавувањето на јавниот Конкурс за ангажирање реонски попишувачи и реонски инструктори за претстојниот попис на населението, домаќинствата и становите до овој момент се одвива добро и веќе се пријавени околу 4.000 кандидати заинтересирани за попишувачи и реонски инструктори.

На конкурсот што е објавен на 23 февруари и е отворен до 28 февруари можат да се пријават сите полнолетни државјани на Република Северна Македонија кои се невработени со завршено најмалку средно образование и имаат основни компјутерски вештини. Пријавувањето, се врши преку електронската апликација поставена на веб страницата на ДЗС.

Пописот на населението, домаќинствата и становите во земјава ќе се спроведе од 1-ви до 21-ви април, годинава./ МИА/.

Next Post

Седумнаесет години од смртта на претседателот Борис Трајковски и членовите на делегацијата

Најново

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош, власта го штити

April 21, 2026

Ново откритие на Марс: Роверот на НАСА детектираше органски соединенија во кратерот Језеро

April 21, 2026
Илустрација: No Music for Genocide

Роџер Вотерс, Масив Атак, Питер Габриел и над 1.000 музичари повикаа на бојкот на Евровизија 2026 поради учеството на Израел

April 21, 2026
Фото: Лилјана Алтипармакова, ФБ

Почина Лилјана Алтипармакова, новинарка и уредничка во МРТВ

April 21, 2026
Венко Филипче и Зоран Заев на прослава на 35-от роденден на СДСМ (фото извор: ВМРО-ДПМНЕ)

Заев се појави, ВМРО-ДПМНЕ „докажа“. Што тоа?

April 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk