„Денеска е голем ден за правната држава и за владеењето на правото. По шест години и многу опструкции случајот со масовното прислушување доби судска разрешница и сметам дека тоа е важно и за државата и за целото општество“, истакна министерот за правда Бојан Маричиќ во неговото гостување во централниот дневник на Сител ТВ.
Според него сега на дело се покажува зошто вредеше носењето на Законот за Јавно обвинителство, со кој се овозможи процесуирање на предметите на СЈО.
„Владата создаде услови и политичка клима за судот да може да одлучува слободно и врз основа на докази. Тој пат се отвори со носењето на законите за правосудството и доколку некој се прашуваше зошто беше важно да се донесе Законот за јавното обвинителство, мислам дека денес му е јасно. Важно беше за случаите од СЈО да може да добијат судска разрешница“ потенцираше Маричиќ.