ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Филолошки факултет: Невистини и манипулации се написите за укинување на катедрите за македонски јазик и за македонска книжевност

March 1, 2021 10:00
in ZOOM IN, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, СКАНДАЛИ
Share on FacebookShare on Twitter

Деканатот на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ Скопје, со остри реакции, за како што нагласуваат – целосните невистини и манипулации за тврдењата на претседателот на МАНУ Љупчо Коцарев за навадно укинување на Катедрата за македонски јазик,

!Во однос на тврдењата за евентуално укинување на Катедрата за македонски јазик, изнесени по медиумите, укажуваме дека станува збор за целосни невистини и манипулации. За жал, овие написи доаѓаат токму во годината на чествувањето на 100-годишнината од раѓањето на нашиот патрон и професор, Блаже Конески, и 75-годишнината од основањето на Катедрата за македонски јазик и на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Акад. Блаже Конески беше член на нашата катедра од нејзиното основање и поради огромната почит што ја имаме кон личноста и делото на нашиот професор, тој е одбран за патрон на институцијата. Затоа да не дозволиме неговото име наместо да нѐ обединува да нѐ разединува.

Изразуваме цврста убеденост дека на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ не постои и никогаш не постоела идеја за укинување на катедрите за македонски јазик и за македонска книжевност. Истовремено ја уверуваме македонската јавност дека доколку некој поединец или институција би се осмелиле да посегнат по интегритетот на Катедрата за македонски јазик, ние сите до еден ќе се заложиме тоа да го спречиме со сите средства и на сите начини.

Остануваме посветени на својата мисија во афирмацијата на македонскиот јазик и неговото научно проучување, како и во образованието на млади кадри македонисти што со наша помош ќе го почитуваат и ќе го продолжат делото на Конески, во нашата средина и на меѓународен план.

проф. д-р Лидија Аризанковска

проф. д-р Славица Велева

проф. д-р Катерина Велјановска

проф. д-р Татјана Гочкова-Стојановска

проф. д-р Анета Дучевска

проф. д-р Марјан Марковиќ

проф. д-р Димитар Пандев

проф. д-р Искра Пановска-Димкова

проф. д-р Марија Паунова

проф. д-р Симон Саздов

проф. д-р Станислава-Сташа Тофоска

проф. д-р Томислав Треневски

проф. д-р Емилија Црвенковска

доц. д-р Гордана Алексова

м-р Бобан Карапејовски

м-р Бојан Петревски“, стои во реакцијата од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“

Вчера реагираше и раководителката на Катедрата за македонски јазик, проф.Искра Пановска.

„Во однос на тврдењата за укинување на Катедрата за македонски јазик, изнесени по медиумите од страна на претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев, сакам да укажам дека станува збор за чисти измислици, но и уште пострашно – за опасни манипулации и инсинуации истовремено“ – реагира проф. Искра Пановска.

„Категорично тврдам дека досега од ниту едно место до мене како раководител на Катедрата за македонски јазик, не допреле какви било „гласини” дека такво нешто се подготвува од некаде. Во целост сум убедена дека Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ никогаш не би завлегол во некоја таква реформа. Во таа смисла, барам под итно членовите на МАНУ, како највисока академска институција, да се оградaт од ставовите на претседателoт на Академијата, Љупчо Коцарев, изнесени по медиумите“ – вели проф. Пановска.

Ј. Ѓ.

Next Post

ССМ: Социјалниот дијалог треба да се прошири и на прашањето за родовиот јаз во платите

НАЈНОВО

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

(ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk