ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Битиќи-Бесими: Отворената и постојана комуникација, како и инклузивноста се клучни за креирање на системски решенија за подобро деловно опкружување

March 2, 2021 14:12
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и министеротза финансии Фатмир Бесими, на покана на Стопанската комора на Македонија, присуствуваа на работна средба на која се разговараше за неколку иницијативи од страна на комората, како што се усогласувањето на царинскиот тарифник со ЕУ, анализа на парафискалните давачки и прашањето за холдинг, информираат владини извори.

Вицепремиерот Битиќи истакна Владата има отворен пристап кон соработката со стопанските комори и дека коморите се еден од клучните чинители, не само како претставник и застапувач на потребите на бизнис заедницата, туку  како иницијатори и партнери во креирање на политики. Тој додаде дека само со таков партнерски пристап може да се креира атмосфера на дијалог со која се цели кон креирање на подобро и предвидливо деловно опкружување.

„Знам колку е лесно или тешко кога стопанството има или нема предвидливо опкружување и од првиот ден кажав дека ќе се заложам, преку дијалог и комуникација со коморите како клучни чинители да работиме на подобрување на деловната клима.  Нема теми коишто не можат да се отворат, без разлика дали тоа бара 1 час, 20 дена или цела година   работа или одржување на илјадници состаноци, ние мораме заедно да седнеме и да ги најдеме решенијата. Ги отвораме стратешките прашања, коишто се битни, споменато е дека последните 10 години не се отворени, јас велам можеби и повеќе од 10 години. Слушајќи ги коморите и претставниците на компании, како чинители во стопанството, се одлучивме да влеземе во процес на креирање на Националната развојна стратегија, којашто би требало да одговори на мноштво прашалници коишто ги имаме  не само во економијата туку и во другите сектори“, посочи вицепремиерот Битиќи на средбата во Стопанската комора на Македонија.

Министерот за финансии Бесими посочи дека главен предизвик на Владата и Министерството,  во ковид кризата е истовремено да се реагира со брзи и интервентни мерки, за да се даде поддршка на компаниите во справување со кризата предизвикана од глобалната пандемија, креирање на мерки за ревитализација на економијата, а во исто време создавање на долгорочни системски мерки, за поинтензивен и одржлив економски раст.

„Транспарентноста и  инклузивноста се принципите на нашето делување во овој период на криза, а со тоа се подобруваат изгледите за опоравување на нашата економија и забрзување на растот. Нашите средби со коморите не се само одраз на добра волја или само декларативни изјави. Мене ми се допадна пристапот на претходниот состанок каде што имаше конкретни прашања. По тој состанок следуваа низа состаноците помеѓу професионалните тимови од коморите и министерството за финансии. За некои од темите првичната реакција од страна на  Министерството е на да се задржи „статус кво“, во смисла на заштита на тие што се системски решенија, што е и исправно. Меѓутоа кога „статус кво“ ситуацијата е предизвикана од нови, вонредни ситуации, ние мора да сме проактивни и да наоѓаме решенија. Токму во овакви случаеви, оваа симбиоза на комуникација на приватниот и јавниот сектор во смисла на дизајнирање на соодветни политики е клучна“, нагласи министерот за финансии Бесими, по што детално се осврна на прогресот на дел од иницијативите покренати од стопанските комори во изминатиот период.

Од страна на претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, беше истакнато дека соработката и комуникацијата со Владата е на многу високо ниво, во изминатиот период се одржаа голем број  на работни средби, во рамките на Платформата за јавно приватен дијалог и притоа се отворија многу стратешки теми кои чекаа да бидат отворени повеќе од една деценија.

Next Post

Филипче: Со измените на Законот за здравствено осигурување ќе се овозможи граѓаните брзо и ефикасно да добијат терапија во секое време, а државата да заштеди пари

Најново

Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Дневен хороскоп со Анис – 20 април 2026

April 20, 2026

Партијата на Румен Радев, победник на изборите во Бугарија

April 19, 2026

Филипче: СДСМ бара замрзнување на цените и посебни мерки за ранливите категории

April 19, 2026
Фото: Фејсбук на МВР

МВР: Лажни дојави за бомби во два трговски центри во Скопје

April 19, 2026

(ВИДЕО) Мицкоски: Според ММФ, Македонија е трета во Европа по преземени мерки против ценовните шокови

April 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk