Мажот кој во петок избоде повеќе луѓе на Лондонскиот мост го уби полицијата. Настанот се третира како терористички чин. Според последните информации има тројца мртви.
Гардијан јавуваше дека луѓето панично бегаат од мостот, а возилата се обидуваат да свртат. Според сведоци, полицијата убила еден човек, а таму бил и репортер на Би-би-си.
Британската полиција соопшти дека од претпазливост нападот се смета за терористички, и потврди дека го убиле мажот.
Се верува дека осомничениот, кој починал на местото на инцидентот, на себе носел елек со лажен експлозив.
Најмалку пет лица се повредени, а двајца подоцна подлегнале на повредите.
Someone just shot on London Bridge #london @BBCBreaking @SkyNews pic.twitter.com/qVk5IPmofb
— amanda** (@AmandaHunter87) November 29, 2019