ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Многу злоупотреби и манипулации со „хибридниот напад“, велат владини извори

Во македонската јавност се разви дебата околу значењето на терминот „хибриден напад“ откако советникот на премиерот Заев, Марјан Забрчанец, на конференцијата е-општество обелодени дека властите откриле злонамерен повиок од страна на непознати сторители со премиерот Заев кои се претставиле како Грета Тунберг и нејзиниот татко

November 29, 2019 23:17
in МЕДИУМИ, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во македонската јавност се разви дебата околу значењето на терминот „хибриден напад“ откако советникот на премиерот Заев, Марјан Забрчанец, на конференцијата е-општество обелодени дека властите откриле злонамерен повиок од страна на непознати сторители со премиерот Заев кои се претставиле како Грета Тунберг и нејзиниот татко, пишува МЕТА.

Јавноста со сигурност во последно време е позапознаена со терминот „хибридна војна“ или „хибридна закана“, отколку со терминот „хибриден напад“, кој се однедува на „воена стратегија која користи политички, кибер (сајбер) и конвенционални оружја“ за да постигне некоја цел или надмоќ. Иако не постои универзална дефиниција, американската армија за истата цел повеќе го користи терминот „хибридна закана“. Во минатото, во нашата јавност за ваков тип војување со сите други средства освен употреба на оружје се користеше и терминот „специјална војна“.

„Под хибриден напад се мисли на  мултидимензионален напад кој се состои од различни злоупотреби, во рамки на ист напад“, велат владини извори за „Мета“, додавајќи декаво конкретниот случај хибридноста се состои во злоупотреба на идентитет на Грета, во злоупотреба на комуникациски канали (мејл, телефон), во злоупотреба на дипломатско претставништво, во можна злоупотреба на кабинетот на премиерот, во можна злоупотреба на премиерот и можна манипулација со јавноста.

Инаку, младата шведска климатска активистка Грета Тунберг, како што пишува „EU vs Disinfo“, стана голема мета на креаторите на дезинформации и „ги вознемирува креаторите на дезинформации наклонети кон Кремљ не само поради тоа што одбива да се вклопи во стереотипите за тоа што 16-годишна девојка треба да кажува или да прави (иако шовинизмот и дезинформирањето се „близнаци”). Грета стана мета бидејќи таа е ликот на глобалното самостојно движење – еден автентичен јавен протест каков што медиумите блиски до Кремљ едноставно не можат да смислат“.

„Болно девојче кое е исто толку глупаво колку што е наивно“ и „пророкот на новиот тоталитарен бран“ се формулациите кои руска телевизија контролирана од државата ги користеше при реакциите на активностите на Грета Тунберг, конкретно нејзиниот говор во ОН. Руската телевизија не е единствената што се вознемири од младата климатска активистка. Но, она што овој медиум – поддржувач на Кремљ го издвојува од остатокот на непријателската (и мизогинистка) група е неговата настојчивост во барањето некаков голем заговор зад Грета Тунберг и нејзиниот активизам. Таа е, според различни поддржувачи на официјална Москва, „алатка на глобалната, неизбрана, поп-екофашистичка бирократија“, „гласноговорник на лобистите на гигантите во полето на зелената енергија“, „политичка алатка против Русија и Кина“ и „жртва на малтретирање“ – пишува „EU vs Disinfo“.

Next Post

Хаг: Тројца повредени во напад со нож

Shortcut

Најново

РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

August 1, 2026

Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

July 31, 2026

ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

July 31, 2026

Премиерата на „Три сестри“ во МНТ со превод на англиски јазик

July 31, 2026

Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

July 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога и цртањето на табла не помага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk