ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Елизабета Ѓоргиевска во посета на Центарот за згрижување на жртви на семејно насилство во Струмица

March 3, 2021 16:00
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Сопругата на претседателот на државата Стево Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска заедно со шефица на канцеларијата на Фондот за население на Обединетите Нации (УНФПА) во земјава, Афродита Шаља денеска го посетија Центарот за згрижување на жртви на семејно насилство во Струмица, со цел да им се даде поддршка на овие жртви и да се крене свеста за унапредување на услугите за борба против насилството.

Центарот почна со работата на почетокот од минатата година. Отворен е од Здружението на граѓани „Скај Плус“ од Струмица, во соработка со Општина Струмица и општествено одговорни субјекти, обезбедувајќи привремено прифаќање и згрижување на лицата – жртви на семејно и родово базирано насилство. 

Како што информираат од претседателскиот Кабинет, во Центарот, лицата – жртви од семејно и родово базирано насилство, покрај згрижување, добиваат и заштита, психо-социјална помош и поддршка, третман за надминување на траума, правно советување, вклучување во активните мерки за вработување со цел учество во пазарот на трудот и постигнување на финансиска независност.

Со овие активности, како што се наведува во соопштението, им се овозможува за одреден период да бидат одвоени од средината во која се случило насилството, им се даваат услуги од стручната советодавна работа заради надминување на последиците од насилството и преку разновидни содржини се оспособуваат за различни социјални вештини.

Целта на посетата е да им се даде поддршка на жртвите на семејното и родово базираното насилство покажувајќи им дека сите заедно треба да работиме во подигање на свеста и унапредување на услугите за борба против насилството.

– Во изминатиов период на пандемија со Ковид-19, поради рестриктивните мерки во однос на движењето и финансиските ограничувања, за жал, е зголемен бројот на случаи на семејно и родово базирано насилство. Токму затоа, потребно е да се охрабрат жртвите на семејно и родово базирано насилство да го пријават истото и да ја добијат потребната заштита, згрижување, како и стручна советодавна помош за полесно справување со последиците од насилството, соопштија од Кабинетот на претседателот Пендаровски.

Нашата држава во 2017 ја ратификуваше Истанбулската конвенција за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство, а во 2018 го усвои Акцискиот план за нејзино спроведување, чијшто посебен фокус е ставен во имплементацијата на националната легислатива и развивање на специјализирани сервиси за жртви на родово базирано насилство.

извор: МИА

Next Post

Заев: Ајде да се соочиме и да расчистиме, ова е моментот да провериме дали имаме стабилна Влада, или разнишана опозиција

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk