Премиерот Зоран Заев на седница за пратенички прашања побара од пратенциите да се изјаснат за доверба на Владата.
Toj истакна дека ова е моментот да се провери дали имаме стабилна Влада, или разнишана опозиција.
„Ова е моментот да провериме: Стабилна власт и стабилно парламентарно мнозинство или разнишана опозиција? Мора да е едно од двете. Или и двете заедно. Стабилна власт и стабилно парламентарно мнозинство или разнишана опозиција? Мора да е едно од двете. Или и двете заедно.“, изјави премиерот Заев.
„Со оваа моја постапка денеска, еве ме, застанувам пред вас, и во име на целата влада, во име на сите министри и коалициони партнери ја преземам одговорноста и ве повикувам да се изјасните и да гласате за доверба на Владата. Ајде да се соочиме и да расчистиме: Да го видиме на дело тоа толку најавувано наводно мнозинство од опозицијата кое наводно ќе ја паднело оваа Влада. Ова е моментот кога ќе им покажеме на граѓаните колку има вистина во зборовите на опозицијата.“, повика премиерот Заев.







