ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Се потврдија и двете: Владата е стабилна, опозицијата во аут

March 4, 2021 11:25
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
ФОТО: МИА

ФОТО: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Изминатите неколку месеци јавноста е сведок дека Христијан Мицкоски постојано во настапите повторува дека власта е загрозена, дека за неколку дена ќе нема мнозинство, дека владината криза само што не испливала на површина, и се така во круг, а во реалноста тоа никако да се случи. Ова е потврда дека Мицкоски користи лажни вести, како што впрочем официјално потврдија и европски институции, оти како поинаку да се наречат изустените информации кои се далеку од вистината и кои никогаш не се случуваат.

За да му ги осуети сите идни настапи на оваа тема, но и за да демонстрира единство и стабилност во владината коалиција, а при тоа да покаже дека опозицијата е таа која е разнишана, Зоран Заев ја искористи законската можност и самиот, прв во историјата, побара да му се гласа доверба нему и на неговиот тим. Како што самиот истакна во обраќањето пред пратениците гласањето ќе потврди дека власта е стабилна, а опозицијата разнишана.

„Ред е да се соочиме и да расчистиме, да го видиме на дело толку најавуваното наводно мнозинство од опозицијата кое, наводно, ќе ја падне оваа Влада. Да и дадеме на јавноста шанса да види колку се празни овие зборови и дека се искажуваат со единствена цел да создаваат лажна слика за силата на опозицијата и за наводната разнишаност на владината коалиција. Или, пак, ќе се види дека владејачкото мнозинство е стабилно и со тенденција да се зголемува во наредниот период“- истакна Заев.

Опозицијата, која неколку месеци мисли дека преку постојаното повторување оти мнозинството во парламентот е на нивна страна, само манипулира со јавноста и создава лажна слика за поддршката на владините политики од страна на сите коалициски партнери. А кога премиерот ја отвори темата за доверба на Владата, опозицијата ја напушти салата, со што само потврдија дека се далеку од мнозинство во парлементот и дека ВМРО ДПМНЕ е неопходно малку да се позанимава со внатрешната нестабилна ситуација.

Мицкоски е соочен со вонреден партиски конгрес со најава дека ќе биде сменет од лидерската функција, со масовното ажурирано членство на СДСМ, со демократизацијата на СДСМ преку непосреден избор на претседател, со големите проекти на Владата, како пописот, инфраструктурните проекти, економските антикризни мерки, членството во НАТО и напредокот кон ЕУ…. Неможејќи да ја согледа реалноста и стабилното мнозинство на СДСМ, Мицкоски само најавува интерпелации, недоверба, ново мнозинтво, но за сега нема ништо од најавите, особено после нокдаунот на Заев тешко дека манипулациите на опозицијата и понатаму ќе може да се користат во лажењето на јавноста.

Заев покажа дека има доверба од 62 пратеника, истите оние кои ги имаше на почетокот на мандатот по изборите на 15 јули, што е потврда дека ништо не се променило и дека информациите на Мицкоски за разнишана Влада, практично се покажа дека се однесувале на разнишана опозиција.

Д. Е.

Next Post

Преку кампањата „Обединет Балкан за чист воздух“ до заедничка борба за подобрување на квалитетот на воздухот

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk