ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Бочварски: Развојот на општините да продолжи согласно сите можности од Законот за урбанистичко планирање

March 4, 2021 13:00
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Важно е растот и развојот на општините да продолжи согласно сите можности и процедури што ги нуди Законот за урбанистичко и просторно планирање, порача денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, по вчерашната одлука на Уставниот суд за укинување на мораториумот за градење во Општина Центар.

Одговарајќи на новинарско прашање за комуникацијата помеѓу ресорното Министерство и Општина Центар, Бочварски истакна дека постоечкиот Закон за урбанистичко планирање нуди одредени можности.  Доколку одредени урбанистички планови што ја загрозуваат животната средина и растот на општината, појасни, таа треба да поднесе елаборат со којшто ќе гарантира дека имаме одредени нарушувања на урбаното планирање и потоа да се разгледува во Министерството за транспорт и врски.

-Во однос на ова прашање Уставен суд донесе своја  одлука во врска со мораториумот што е укинат како одлука на Општина Центар. Постоечкиот Закон  за урбанистичко планирање нуди одредени можности. Ние разговараме со Општина Центар, тие ги бараат одговорите на овие прашања од нас, но најважно од се е дека доколку имаат одредена потреба на одредени урбанистички планови што ја загразовуваат животната средина, растот на општината итн, тие треба да поднесат елаборат со којшто ќе гарантираат дека имаме одредени нарушувања на урбаното живеење, планирање, итн, и потоа да се разгледува во Министерството за транспорт и врски, рече Бочварски.

Важно е, дополни, дека ДУП-овите кои се донесени и изгласани од Советот на општината  се во сила заради тоа што истата таа општина некогаш ги изгласала.  – Така што, може Општина Центар како матична општина, тоа се нивни урбанистички планови, да разработува свои планови и стратегии како ќе работат понатаму. Важно е растот и развојот на општините да продолжи и да продолжи комуникацијата согласно сите можности и  процедури што ги нуди Законот за урбанистичко и просторно планирање, наведе Бочварски.

Уставниот суд, како што стои во соопштението објавено на нивната веб страница, на вчерашната седница ја укина Одлуката за начинот на применување на деталните урбани­стички планови, бр.08-1859/2 од 27.03.2019 година, донесена од Советот на Општина Центар („Службен гласник на Општина Центар“ бр.6/2019 од 28.03. 2019 година) и го стави вон сила Решението за запирање на извршу­вањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на актот, означен во точката 1 од оваа одлука.

извор: МИА

Next Post

Царовска ги повика наставниците и професорите да се вклучат во подготовка на програмата за 2021/2022

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk