ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Филипче: Годинава успешно изведени четири кадаверични трансплантации

Министерот за здравство Венко Филипче денеска учествуваше на стручна средба на тема „Улогата на медицинската сестра во процесот на трансплантација на бубрег“, во организација на Секцијата на медицински сестри и техничари по нефрологија, дијализа и трансплантација при Здружение на медицински сестри, техничари и акушерки на Македонија

November 30, 2019 14:37
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за здравство Венко Филипче денеска учествуваше на стручна средба на тема „Улогата на медицинската сестра во процесот на трансплантација на бубрег“, во организација на Секцијата на медицински сестри и техничари по нефрологија, дијализа и трансплантација при Здружение на медицински сестри, техничари и акушерки на Македонија (ЗМСТАМ), пренесе МИА.

Трансплантацијата на органи, нагласи Филипче, е исклучително благороден чин, со кој се дава шанса за живот на пациентите и оттука особено признание им се оддава на здравствените работници кои активно учествуваат во овој процес. Меѓу персоналот кој макотрпно и посветено работи на трансплантацијата на органи, се и медицинските сестри и техничари по нефрологија, дијализа и трансплантација, на кои е посветен денешниот настан, додаде Филипче.

Укажа дека Министерство за здравство континуирано го поддржува процесот на трансплантација, особено во делот на едукација на медицинскиот кадар од здравствените установи вклучени во овој процес – Клиниките за нефрологија и урологија, како и Институтот за трансфузиона медицина, со поддршка на КАРИЛ.

Од почетокот на годинава веќе успешно се изведени четири кадаверични трансплантации, а во континуитет се вршат и трансплантации на бубрези од жив донор.

Исто така, минатата година успешно е извршена првата несродна трансплатација на матични хематопоетски клетки. Тоа е револуционерен чекор на јавното здравство во нашата држава, кое сега е дел од светските и европски медицински центри за лекување на најтешките болести на крвта. Во јануари годинава успешно била изведена и првата несродна трансплантација кај 13 годишно момче со апластична анемија.

Министерот Филипче истакна дека Министерството за здравство има добра соработка со Секцијата на медицински сестри и техничари по нефрологија, дијализа и трансплантација при Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки и заедничката цел е натамошно унапредување на здравствената заштита во областа на трансплантацијата на органи.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Попова Шапка: Осум маркирани планинарско-велосипедски патеки

НАЈНОВО

Д-р Трајановски: Населбата Лисиче заборавена четири години

October 16, 2025

Лекарска комора: Комисијата за етички прашања го разгледа случајот поврзан со д-р Кузмановски

October 16, 2025
Скриншот

Се подготвува отворањето на граничниот премин Рафах со Газа за луѓе

October 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk