ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Попова Шапка: Осум маркирани планинарско-велосипедски патеки

На Попова Шапка денеска беа промовирани осум маркирани крос кантри планинско-велосипедски патеки кои гравитираат околу скијачкиот центар, проектна активност спроведена од планинарскиот клуб Шара Ски. Во изминатиот период е извршено обележувањето и маркирањето на патеките. Станува збор за веќе постоечки, но запустени патеки, а дел од нив се нови

November 30, 2019 14:58
in РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На Попова Шапка денеска беа промовирани осум маркирани крос кантри планинско-велосипедски патеки кои гравитираат околу скијачкиот центар, проектна активност спроведена од планинарскиот клуб Шара Ски. Во изминатиот период е извршено обележувањето и маркирањето на патеките. Станува збор за веќе постоечки, но запустени патеки, а дел од нив се нови, пренесе МИА.

– Проектот „Попова Шапка – cross country trails“ има два аспекта. Со проектот ги обновивме и дополнивме постоечката маркација на патеките, подготвени и поставени се патокази, маркирани се патеките со ГПС уред, впишани се координати и карактеристики на патеките, одредени се места за пауза долж патеката, исцрани се мапи од секоја патека со сите поодатоци. Овие места се поставени и пред платото на терасата на Конак, како и во флаерите и брошурите. Вториот аспект е подготовка на Инфо – пакет/брошура за cross country trails на Попова Шапка. Брошурата ќе содржи информации за името, локацијата и должината на cross country патеките, како и висинската разлика, потребното време за возење на секоја од патеките, инфраструктурните објекти долж патеката и слично, изјави Јован Јовановски од Шара Ски.

За користење на патеките на потенцијалните корисници на располагање ќе им бидат повеќе алатки.

-Освен патокази на самите патеки, имаме создадено ГПС рути, апликација за мобилни телефони,  можност за изнајмување велосипеди, ангажирање на лиценциран велосипедски или планински водич, воспоставени мерки за безбедност и медицинска помош и слични потреби, рече Горан Миловановски, лиценциран водич од Шара Ски.

Планинско велосипедската патека наречена „Репетитор МРТ“ е најкратка со три километри и просечно времетраење за поминување од еден час. Патеките „Вакуф“ и „Голема Смрека“ имаат иста должина од по 17 километри. Најдолга е патеката „Шарски води“ или 90 километри и времетраење од 8 до 10 часа. Останатите патеки се наречени „Шарпланинско бачило“, „Вргањ“, „Лешница“ и „Јелак“.

Next Post

Овации за Заев на Конгресот на ДПС во Црна Гора

Најново

Анаис. Мотив, Кратово

Дневен хороскоп со Анаис – 22 април 2026

April 22, 2026

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош, власта го штити

April 21, 2026

Ново откритие на Марс: Роверот на НАСА детектираше органски соединенија во кратерот Језеро

April 21, 2026
Илустрација: No Music for Genocide

Роџер Вотерс, Масив Атак, Питер Габриел и над 1.000 музичари повикаа на бојкот на Евровизија 2026 поради учеството на Израел

April 21, 2026
Фото: Лилјана Алтипармакова, ФБ

Почина Лилјана Алтипармакова, новинарка и уредничка во МРТВ

April 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk