ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИНФО ПИТ

Протест на грчките камионџии на преминот Евзони

March 5, 2021 09:32
in ДЕНЕС, ИНФО ПИТ
Share on FacebookShare on Twitter

Воведување временско ограничување за влез на камиони од Евзони, меѓу 7 и 19 часот, како и целосниот недостаток на организација во процесот на спроведување на брзите тестови од екипите на Националната организација за јавно здравје на Грција, на сите што влегуваат во земјата, предизвика „хаос“ и огромни доцнења, а редиците на камиони кои чекаат достигнува и до десет километри, велат од Федерацијата на грчките камионџии, во соопштението во кое ги повикуваат транспортерите на протест на граничниот премин Евзони, закажан за 7 часот утрово по локално време, јави дописничката на МИА од Атина.

Транспортерите, кои уште во понеделникот најавија дека ако не се исполнат нивните барања, подготвени се да се мобилизираат и да го блокираат граничниот премин од грчка страна, истакнуваат дека ситуацијата на „една од главните копнени порти за влез во земјата веќе четири дена е исклучително тешка“ и се создадени големи проблеми во протокот на стоки и во грчкиот извоз.

-Возилата што пренесуваат медицинска опрема, лесно расиплива, како и секаков вид на стока, се принудени да чекаат и до 12 часа за да влезат во Грција, поради неможноста на државата да преземе соодветни мерки за ограничување на ширењето на коронавирусот без да се спречува нормалното функционирање на синџирот на снабдување, велат од Федерацијата во соопштението за денешниот протест.

Како што веќе објави МИА, грчките камионџии реагираат а новите мерки за копнените граници воведени во понеделникот, преку писмо до Министерството за транспорт и врски и Министерството за развој на Грција, бараат граничните Евзони и Какавиа, за транспортерите, да бидат отворени 24 часа и да има дополнителен персонал од Националната организација за јавно здравје кои ги вршат брзите тестови, за да се забрза целата процедура.

Next Post

Спасовски: Се води истрага во ЈО за Мијалков, детали за јавноста кога ќе има законска можност

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk