„Оваа Влада води конзистентни економски политики, преку преземање паметни чекори, со посебно внимание секој потрошен денар на граѓаните да се троши домаќински. Тоа го потврдија и сите релевантни меѓународни финансиски институции, кои го потврдија нашиот кредитен рејтинг, а тоа резултираше со емитување на најевтината евро обврзница досега.“, вели вицепремиерот Битиќи.
Тој споредува и вели дека во 2014 година ВМРО – ДПМНЕ ја задолжи државата со еврообврзница од 500 милиони евра, со каматна стапка од 3,975%, за кои во овие 7 години, од парите на граѓаните, беа платени камати во вкупен износ од 139,1 милиони евра.
Оваа последна еврообврзница, вели Битиќи, е со повеќе од половина пониска каматна стапка, или домаќинското работење заштедува 82,25 милиони евра во камати, пари на граѓаните.
„Овие 82 милиони евра, ваши пари ќе беа доволни да:
– Се изградат уште 7 модерни училишта како новоизграденото основно училиште „Киро Глигоров“ каде нашите деца ќе можат да се образуваат;
– и 42 градинки, како градинката „Јаболче“ што ја изградивме во Ресен, каде најмалите ќе имаат ран детски развој по европски стандарди;
– и 320 километри канализација;
– и 160 километри примарна водоводна мрежа низ државата;
– или, почитувани сограѓани, тоа се средства кои ги покриваат годишните трансфери за социјална помош за 45.000 домаќинства.
Ова е разликата, како умно и продуктивно се трошат и вложуваат парите на граѓаните.
Остануваме посветени во креирањето на стабилна и одржлива домашна економија.
Бројките не лажат. Грижата се покажува на дело.“, наведува Битиќи.