ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бектеши: Инвестициите енергетска ефикасност ќе ја намалат потрошувачката и увозот на електрична енергија ќе влијаат на заштита на животната средина

March 5, 2021 13:31
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Инвестициите во енергетската ефикасност носат придобивки на повеќе нивоа. Се подобрува термичкиот комфор за живеење и работа, се намалуваат потрошувачката на енергија и со тоа и сметките за потрошена енергија, се влијае на увозната зависност на државата и последно, но не помалку важно се намалуваат емисиите на стакленички гасови. Затоа сите треба да придонесеме кон намалување на потрошувачката на енергија преку инвестиции во подобрување на енергетската ефикасност, соопштуваат од Министерството за Економија.

Оваа порака ја упати министерот за економија Крешник Бектеши до граѓаните, компаниите, државните институции и општините денеска на потпишувањето на договорот за јавно- приватно партнерство по ЕСКО-модел за јавно осветление во пштинината Крива Паланка.

Министерот Бектеши кажа дека му е чест што денеска на Меѓународниот ден на енергетска ефикасност може да промовира проект кој ќе влијае значително на подобрување на енергетска ефикасност во оваа општина.

“Свесни сме дека само со ефективни политики и мерки за енергетска ефикасност, Северна Македонија може да ги зголеми заштедите во потрошувачката на примарна и финална енергија. Проекцијата со сегашните политики покажува дека потрошувачката на примарна и финална енергија ќе се зголеми за 38% и 55%, соодветно, во 2040 година во однос на 2017 година, како резултат на континуиран економски раст“ потенцираше министерот и кажа дека анализите покажуваат дека  треба да се спроведат вкупно 26 мерки во периодот  2020 – 2040 година, со цел да се намали потрошувачката на енергија во зградите, во секторот индустрија, во транспортниот сектор и да се намалат загубите при енергетската трансформација во преносната и дистрибутивна мрежа.

“Би сакал да укажам дека Министерството за економија како надлежно министерство за политиките во делот на енергетиката со донесувањето на Законот за енергетска ефикасност во февруари 2020 години, ја спроведе главната реформа во оваа област. Во континуитет истовремено поддржуваме активности за промоција на обновливите извори на енергија и поттикнување на енергетската ефикасност“, потенцираше министерот и кажа дека во наредниот период Министерството за економија ќе изработи Физибилити студија за Енергетската ефикасност на зградите во централната власт бидејќи инвестирањето во енергетска ефикасност на јавните згради носи одржливост кон почиста животната средина.

Градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски кажа дека со потпишувањето на договорот за јавно-приватно партнерство за изградба на улично осветлување по ЕСКО модел ќе придонесе за драстично намалување на потрошувачка на електрична енергија за улично осветлување во општината, или околу 80 проценти од сегашната потрошувачка. Вкупната инвестиција изнесува 65 милиони денари, а инветсицијата ќе се врати во рок од 6 години преку намалените сметки за улично осветлување.

Според Здравко Стефановски, раководител на проектот на ЕБРД за енергетска ефикасност по ЕСКО модел на Јавно приватно партнерство ги дава посакуваните резултати.

“Крива Паланка е шеста општина која што ќе го имплементира овој проект кој што обезбедува најголема заштетда на енергија, најкраток период на враќање на инвестицијата најголема животен век на светилките“ кажа Стефановски и потенцираше дека интерес за инсталирање на енергетски ефикансо улично осветлување според ЕСКО моделот пријавиле уште 22 општини во државата.

Next Post

Помалите парламентарни партии поддржани од СДСМ поднесоа измени на Изборниот законик со барање Северна Македонија да биде една изборна единица

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk