ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Помалите парламентарни партии поддржани од СДСМ поднесоа измени на Изборниот законик со барање Северна Македонија да биде една изборна единица

March 5, 2021 13:40
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Пратениците од Деморатски сојуз, Левица, ВМРО-НП, ЛДП и СДСМ до Собранието денеска поднесоа Предлог закон за измени и дополнувања на Изборниот законик, со којшто се предвидува Северна Македонија да биде една изборна единица на следните парламентарни избори наместо шесте изборни единици во коишто досега се бираа пратеници.

-Се предвидува Македонија да биде една изборна единица, да остане пропорционален модел, да нема изборен праг, и пресметката на пратеници дасе  одвива преку Донтовиот количник, рече Павле Трајанов од Демократскиот сојуз.

Трајанов смета дека со овие измени дефинитивно ќе се демонтира еднопартиското владеење во нашата држава, Парламентот ќе биде реален одраз на определбата на граѓаните и ќе имаме можност повеќе партии да одлучуваме за круцијалните прашања, ќе се создадат основи за системски промени, за департизација, за деполитизација на државните институции и можности да се отвори робусна борба против криминалот и да се реализираат битни промени.

Пратеникот на ДС вели дека доколку се обединат сите пратеници кои не сме од големите партии СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ, можат да го завршат овој процес успешно.

Доколку законот дојде во втора фаза, Трајанов рече дека во законот ќе се вгради и предлогот соодносот жени – мажи на листите да биде 50:50.

– Сме подготвени да ги прифатиме сите иницијативи кои се во функција да имаме порегуларни избори во нашата држава, рече пратеникот на ДС.

Пратеникот Панчо Минов го искажа ставот на СДСМ, посочувајќи дека ова прашање за една изборна единица е дел од ветувањето на владејачката партија и дел од владината програма.

-Нашиот став е недвосмислен дека во интерес на демократијата и парламентаризмот е дека пообјективност во делот на застапување на граѓаните е во случајот со РМ како модел што во исто време ќе значи поправична застапеност на субјектите што ќе учествуваат во изборниот процес исто така застапеност на помалите со соодветен праг, рече Минов.

Според него, важно е што повеќе партии да бидат застапени во Парламентот, родовиот сооднос, како и застапеноста на етничките заедници.

– Тие да бидат со една сериозна бројчаност застапени во Парламентот, рече Минов.

Апелираше измените да бидат донесени со консензус.

Пратеникот Димитар Апасиев од Левица истакна дека неговата партија се приклучува кон оваа иницијатива за една изборна единица, и рече дека ќе ја поддржеле без разлика на предлагачот. Според нивните пресметки, Левица на минатите парламентарни избори била оштетена со тројца пратеници. Апасиев апелираше до сите пратеници да ги прифатат измените бидејќи тие придонесуваат за демократизација на општеството.

извор: МИА

Next Post

Битиќи: Последната еврообврзница е со двојно пониска каматна стапка од таа во 2014 година, заштедуваме 82,25 милиони евра пари на граѓаните

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk