ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Македонската и Загребската берза потпишаа Договор за соработка во областа на едукацијата

March 5, 2021 14:43
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Македонската берза и Загребската берза денеска потпишаа Договор за соработка, којшто има за цел да го подобри професионалното знаење и развој на директните и индиректни учесници на македонскиот пазар на капитал, преку семинари организирани во рамки на Академијата на Загребската берза.

Како што се наведува во соопштението на Македонската берза, учесници од земјава ќе имаат можност да присуствуваат на обуки за различни теми поврзани со пазарите на капитал, како што се портфолио менаџмент, користење на финансиски извештаи, односи со инвеститори, регулаторна рамка на ЕУ за пазарите на капитал, управување со ризици, корпоративни дејства и други.

– Академијата на Загребската берза набрзо ќе ја одбележи 11-годишнината од своето работење, при што повеќе од 10.000 лица посетуваа различни форми на семинари. Денес, Академијата е најголем давател на едукативни услуги од областа на финансиите во Хрватска и во регионот и ние ќе бидеме задоволни да го споделиме нашето знаење со колегите од Македонија. Имајќи ја предвид нашата долгорочна соработка во различни области, можеме уште еднаш да и се заблагодариме на Македонската берза за довербата и веруваме дека овој договор воспоставува долгорочна и плодна соработка во областа на едукацијата, изјави Ивана Гажиќ, претседател на Управниот одбор на Загребска берза.

Директорот на Македонската берза, Иван Штериев изјави дека со потпишувањето на овој договор за соработка, Македонска берза истовремено постигнува две цели – ги збогатува можностите за едукација на заинтересираните домашни субјекти за функционирањето на пазарот на капитал и ја продлабочува стратешката соработка со Загребската берза.

– Повеќе ноу-хау за пазарот на капитал е суштинска потреба за многумина, од оние кои работат или сакаат да работат во оваа дејност, преку инвеститорите на кои им се неопходни поголеми знаења за да носат поинформирани одлуки до издавачите на хартии од вредност. Преку се поприсутниот модел на онлајн едукација, а како резултат на партнерството помеѓу нашите институции, очекувам дека на македонската публика многу брзо ќе и ги понудиме првите обуки, изјави Штериев.

извор: МИА

Next Post

Јавна дебата: Потребна поголема политичка волја за спроведување на Стратегијата за родова еднаквост

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk