ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Фон дер Лајен: Комисијата планира на 17 март да ја усвои иницијативата за „Дигитален зелен сертификат“

March 5, 2021 19:03
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателката на ЕК , Урсула фон дер Лајен, со писмото  до европските лидери, за 17 март најави усвојување на законодавниот предлог на европско ниво за „Дигитален зелен сертификат“ (Digital Green Certificate),  јави дописничката на МИА од Атина.

Фон дер Лајен го споменува последниот состанок на 24 февруари кога на ниво на ЕУ се разговарало за сертификатот за вакцинација и пишува дека станало збор за „воспоставување на стандардизирани и интероперативни сертификати со кои се потврдува Ковид-19 статусот на луѓето“, односно дали се вакцинирани, дали имаат негативен тест или веќе прележале Ковид-19 и додава дека нејзин заклучок е дека сето ова треба да биде формулирано во законодавниот предлог за „Дигитален зелен сертификат“ што Комисијата планира да го усвои на 17 март.

Вели дека намерата е да се олесни слободното движење на граѓаните, онаму каде што е оправдано и колку што е потребно.

-Клучната цел на интероперативен сертификат со кој се потврдува Ковид-19 статусот е да се осигура дека онаму каде што луѓето можат да добијат слободно движење без ризик по јавното здравје, да можат да го сторат тоа. Во исто време, треба да бидеме сигурни дека ќе спречиме дискриминација на оние кои не можат да се вакцинираат, на пример од медицински причини или затоа што не се дел од целната група за која во моментот се препорачува вакцинацијата, но кои од други причини (на пример негативни резултат од тест) не претставуваат материјални ризици за јавното здравје, пишува претседателката на Европската Комисија.

Додава дека за да се воспостави интероперативен систем во Унијата, не само што е потребна правна рамка, туку мора да се заврши и техничкиот дел како во ЕУ, така и на национално ниво за издавање на сертификати од надлежните национални тела и за верификација преку рамката за доверба на ЕУ, а потоа, за системот да започне да функционира откако ќе се заврши работата на ниво на Унијата, потребно е веднаш да се преземат активности на национално ниво.

Фон дер Лајен пишува дека, Комисијата работи со земјите- членки „за воспоставување рамка за доверба и дигитална ифраструктура што ќе ја олесни автентичноста на сертификатите за вакцинација, за тестирање и за прележан Ковид-19“, нешто што треба да се заврши во следните три месеци, а „основата на таквиот заеднички пристап е довербата“.

-На властите во една земја- членка им треба гаранција дека информациите вклучени во сертификат издаден во друга земја-членка се доверливи, дека сертификатот е оригинален и дека му припаѓа на оној што го поседува, објаснува претседателката на ЕК, пренесе МИА.

Паралелно, земјите-членки треба да имаат онлајн систем за верификација.

-Системот на ЕУ може да работи само доколку соодветните национални системи се воспоставени на време. Ова бара веќе донесените одлуки навремено да бидат имплементирани, преостанатите елементи брзо да бидат договорени и брзо да се усвои  законската рамка, пишува Фон дер Лајен.

На крајот од писмото вели дека целото прашање треба да биде приоритет за да се овозможи слободно движење на граѓаните. /МИА/

Next Post

САД и ЕУ ги замрзнуваат сите царини во спорот „Боинг – Ербас“

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk