6-неделно бебе кое се родило со оштетен слух, добива уред со кој за првпат има можност да го слушне гласот на мајка си, а радоста на неговото лице и реакцијата е непроценлива.
Харисон Рекс сега има две години, а за неговата состојба родителите дознале 14 часа откако се родил.
На британските медиуми вирално се споделува видеото кое родителите го снимиле од моментот кога детенцето за првпат го слуша гласот на својата мајка.
Бебето го држи неговата баба, а кога мајката ќе му се обрати на Харисон, тогаш новороденото момче почнува да се топи од среќа и радост.
Поврзаноста помеѓу мајката и детето е навистина магична, а ова видео е доказ за тоа: