Заев до разузнавачите: Ало, Мијалков не е надвор, тука е, да си ја завршите работата!
Во своето интервју за Слободна ТВ премиерот истакна “Ги стегнавме институциите да си ја завршат работата. Агенцијата за национална безбедност е одговорна за дома. Агенцијата за разузнавање е за надвор. Велеа бил избеган надвор, на друг континент, па во Србија… Така тие нема да работат, ако е надвор нема што да работат.
Ало, не е надвор, тука е! Да си ја завршите работата!” додаде премиерот објаснувајќи за бегството на Мијалков.





