ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Вечерва во Крива Паланка онлајн проекција на монодрамата „Жените на Шекспир”

March 7, 2021 16:22
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter
 Театарот од Центарот за култура Крива Паланка вечерва во пресрет на 8 Март ќе ја прикажува монодрамата „Жените на Шекспир”.

Претставата во продукција на Кривопаланечкиот театар ќе биде прикажана преку јутјуб каналот на фејбук страницата на НУ Центар за култура Крива Паланка во 18 часот.
-Од десетиот век преку Хросвита која се смета дека е првата жена драматург, преку Вирџинија Вулф и Силвија  Плат, поетеси и писателки кои можеби се жените книжевни величини кои најмногу влијаеа на женското писмо од 20 век, па се до бескомпромисните   општествено  ангажирани драматурзи на   денешницата како Билјана Србљановиќ, женското писмо и неговата гледна точка се трансформира еволуира, до степен каде може да се каже за универзално писмо кое руши секакви стереотипи, бариери и граници, писмо кое ги детектира и се бори со универзалните сеопшти човекови проблемии теми, изјави режисерот Глигор Цветковски.
Тој додаде дека Вилијам Шекспир, веројатно најголемиот драмски автор на сите времиња, во своите бесмртни дела исто така ја илуминирал улогата, проблемите, правата и обесправеноста нажената преку брилијантно оформени ликови-хероини кои се безвременски и непотрошливи во својот драмски сензибилитет, постојано подложен на нови и нови толкувања.
-Едно такво толкување, спектар од погледи пледира да содржи и оваа монодрама во интерпретација на нашата позната Кривопаланечка актерка, Елизабета Стефановска, посочи режисерот.
Театарската монодрама „Жените на Шекспир” е бриколаж, мозаик од женските ликови од трагедиите „Кралот Лир”,  „Макбет”, „Отело” и „Хамлет” олицетворени во еден женски принцип, комплетен поглед на женското писмо и код во овие стожерни драми од опусот на еден од најголемите мајстори на драмата – вонвременскиот Вилијам Шекспир.
Во претставата игра Елизабета Стефановска, режијата е на Глигор Цветковски, костимограф Ванчо Василев, снимател Ѓорѓи Костовски, а звукот и монтажата се на Петар Спасовски и Александар Гоцев. /МИА/
Next Post

Нови 333 случаи на КОВИД-19, оздравени 268, починати 10 лицa

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk