Политички мотиви немал, а единствена цел за иницијативата со која Уставниот суд би можел да ги воскресне аболициите на екс-шефот на државата Иванов, била заштита на уставноста, ова е тврдењето на Зоран Стојановски, адвокатот кој што стои зад повеќе иницијативи и до Уставниот суд меѓу која и да се преиспита повлекување на спорните аболиции.
Стојановски во телефонски разговор за ТВ24 дека не ги спасувал поранешните функционери на ВМРО-ДПМНЕ кои се обвинети и осомничени од СЈО.
Целта како и на секоја друга иницијатива пред Уставен суд е зачувување на уставноста и законитоста, нема друга цел. Политичките анализи се предмет на работа на политички партии, ова е само уставно-судска работа. Нема допирна точка со политика од аспект на тоа како што сака да се прикаже.
Целиот прилог ТУКА