ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Неработењето во недела негативно ќе влијае врз продуктивноста и конкурентноста, можни се и отпуштања, предупредуваат работодавачите

March 8, 2021 13:53
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Прогласувањето на неделата за неработен ден ќе предизвика финансиски загуби во одредени сектори, ќе ја намали продуктивноста и конкурентноста на компаниите и ќе ги принуди странските инвеститори да ја преиспитаат одлуката за инвестирање, беше посочено на денешната панел дискусија организира од Стопанската комора на Македонија.

Панелистите се согласни дека прогласувањето на недела за неработен ден нема да ги даде очекуваните придобивки, туку ќе предизвика проблеми во работењето на повеќе сектори. Во градежништвото ќе бидат пролонгирани роковите за градба, ќе се измести производствениот процес во компаниите, а во трговијата и кај спортските обложувалници, каде викендот е период кога има најголем број посетители, ќе има пад на прометот, што ќе повлече и отпуштања на вработените.

Проценките се дека во трговските центри околу 10 проценти од вработените ќе ги загубат своите работни места, а во спортските обложувалници една третина од вработените ќе останат без работа.

– Недела како ден учествува со околу 18 проценти во вкупниот промет на трговските центри. Неделата е еден од најпосетуваните денови во трговските центри бидејќи еден дел од популацијата не работи во недела и луѓето гледаат да го искористат своето слободното време во овие шопинг центри кои не се само дестинација за шопинг, туку и за забава, истакна Игор Давков од „Скопје Ист Гејт“, кој го гради најголемиот трговски комплекс во државата.

Предложеното законско решение, како што посочи тој, дозволува еден дел од закупците во трговскиот центар да работат во недела, а други да не работат, што пак ја доведува во прашање економската оправданост за работа во недела на трговските центри.

Спортските обложувалници, чија работа во најголем дел зависи од спортските настани кои главно се играат за време на викендот, со законското решение би имале пад на прометот повеќе од 70 проценти.

– Повеќе од 70 проценти од прометот во нашите објекти се реализира токму во недела, бидејќи тогаш се случуваат и најголемиот број на спортски настани во недела. Од друга страна, спортските обложувалници се објекти кои се посетуваат кога луѓето имаат слободно време. Тоа значи дека директно повеќе од 70 проценти ќе има намалување на прометот, а со тоа и неможноста да се покријат основните трошоци на работењето, истакна Васко Илијевски од Групацијата на спортски обложувалници.

Градежниците бараат сериозно да се преипита одлуката за неработа во недела бидејќи сметаат дека тоа ќе ја доведе во прашање навремената реалзиација на капиталните проекти.

– Како градежен сектор имаме направено анализи дека со неработењето во недела постигнуваме помала продуктивност во деновите пред и потоа. Значи деновите кога работниците треба да патуваат со оглед на тоа дека капиталните инвестиции се работат во реони кои не се матични за вработените, во саботите и во понеделникот ќе имаме помала продуктивност од 80 проценти, нагласи Андреа Серафимовски од „Гранит“ АД Скопје.

Неработењето во недела ќе ги стави под знак прашалник и одлуките за инвестирање на странските инвеститори.

Според Виктор Мизо од „Костел“, ова ќе биде негативен сигнал не само кон постоечките странски компании, туку и кон потенцијалните.

– Ако условите за работа претставуваат пречка за искористување на опремата, тогаш тие потенцијално ќе го разгледуваат неивестирањето кај нас или на кој начин инвестициите кои се веќе присутни, да се преадаптираат на новите услови на работа, посочи Мизо.

Прогласувањето на неделата за неработен ден би предизвикало проблем и во преработувачката индустрија каде производствениот процес е 24-часовен и не дозволува прекин на работата.

Работодавачите немаат ништо против засилени инспекциски контроли, а во однос на тоа кој ден да биде слободен, доколку се работи во недела, сметаат дека тоа треба да биде оставено на нив.

Последната везрзија на законот предвидува предлогот недела да биде неработен ден да почне да се применува од септември.

извор: МИА

Next Post
Фото: МЗ

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 517 пациенти, слободни кревети има

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk