Оваа година сакам да им оддадам почит на сите девојки и жени кои беа изложени на насилство во случајот „Јавна соба“, Напиша министерката за образование и наука на Фејсбук и сподели видео.
„Нивната храброст јавно да проговорат ќе помогне заедно да се исправиме пред предизвикот. А наша обврска како Влада и институции е да обезбедиме заштита од злоупотреба на женските права сега и во иднина и оние кои тоа го прават да бидат изведени пред законот. #БорбатаПродолжува“ – вели Царовска.