Јас верувам дека е можно заедно, власта и опозицијата, да сработиме и да постигнеме нови историски успеси, тоа е дел од новата политика вели премиерот Заев.
За „Јавна соба“, без размислување ќе кажам дека е кривично дело. Да не беше така, немаше да има лица лишени од слобода, на кои им е определен притвор и немаше да дејствува јавното обвинителство, рече Маричиќ. Кривичниот законик се либерализира преку воведување на нови кривични дела и добро е што измените во центарот ја ставаат заштитата и правата на жртвата, додаде.
Нашите заложби се да обезбедиме здравство за квалитетен живот за секоја жена, порачал министерот за здравство Венко Филипче кој вчера по повод Меѓународниот ден на жената бил во посета на Организацијата на жени на СДСМ во скопската населба Гази Баба.
Состојбата во училиштата е стабилна, не се размислува за поинакви мерки. Сите протколи се спроведуваат. Немаме интерно ширење на болеста, вели министерката Царовска.
Проф. д-р. Елизабета Ѓoргиевска, сопругата на претседателот Стево Пендаровски, вчера прими вакцина против Ковид-19. Ѓоргиевска веста ја сподели на социјалните мрежи а објави и неколку фотографии.
СДСМ продолжува да реализира мерки и политики кои помагаат на сите граѓани и компании погодени со кризата, ја зајакнуваат домашната економија и обезбедуваат услови за забрзан економски раст. Досега се одобрени вкупно 2.122 кредитни барања во вкупен износ од 24,3 милиони евра.
Последниот предлог на Заев за формирање обединувачка „политичка влада“, кој како „гром од ведро небо“, ја снајде македонската политика. Ако, пак, се одгледа целото интервју на Заев за „Слободна ТВ“, овој негов предлог доаѓа како логично продолжение на цело едно негово пледоаје за „закоченоста“ на земјата во партиските поделби и блокираноста на Собранието, во очи на низа важни закони кои не можат да го поминат собранискиот филибастеринг и „тенкото“ (тукушто потврдено) владино мнозинство, пишува Сашо Орданоски од ЦИВИЛ МЕДИА.
Италија, со денешните 318 починати, го надмина прагот од 100.000 смртни случаи во пандемијата на коронавирусот, една година по избувнувањето, соопшти Министерството за здравство.
М. Миткоска







