ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ОЕЦД остро ја зголемува прогнозата за глобалниот економски раст на 5,6 отсто за 2021 година

March 9, 2021 14:16
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Глобалната економска перспектива значително се подобри во последните месеци, според ОЦДЕ, која смета на комбинираните ефекти од планот на Бајден и вакцинацијата. Имено, ОЕЦД остро ја преиспита својата прогноза за глобалниот раст во 2021 година, на 5,6 отсто од првичните 4,2 отсто, јави дописникот на МИА.

-Глобалната економска перспектива значително се подобри во последните месеци како резултат на постепеното ширење на ефективни вакцини, најавата за нови мерки за поддршка во некои земји и знаците дека економиите се справуваат подобро од предвиденото со мерките за ограничување, објаснува  ОЕЦД (Организацијата за економски Соработка и развој).

Самостојно, планот од 1.900 милијарди долари, посакуван од американскиот претседател Џо Бајден за заживување на најголемата економија во светот, придонесува со еден процентен поен во оваа ревизија на глобалниот раст од 1,4 поени, објасни Лоранс Бон, главната економистка на оваа организација што обединува 37 развиени земји.

Благодарение на оваа масовна инјекција, Соединетите држави, кои бројат една петтина од смртните случаи од пандемијата, треба да ја видат стапката на раст на БДП двојно од очекуваната во декември, на 6,5 отсто. Ова без да предизвика некој поголем инфлациски ризик, според Бон.

Од друга страна, одложувањата во вакцинацијата може да го загрозат закрепнувањето, особено во Европа.

Не велиме дека Европа не прави доволно во однос на буџетскиот план, ние велиме дека треба да се забрза во однос на вакцинацијата, подвлече поранешната економска советничка на Франсоа Оланд.

-Колку побрзо се вакцинираат земјите, толку побрзо можат повторно да ги отворат своите економии. Значи, нашата главна порака е да го забрзаме темпото на вакцинација за повторно отворање на економијата и да им овозможиме на луѓето да ја продолжат својата нормална активност, што значи да работат, да консумираат, да трошат , рече таа.

За изненадување, предвидениот раст е поскромен за еврозоната. И покрај „невидената“ досега скала на стимулативни пакети, континенталниот БДП се очекува да порасне 3,9 отсто оваа година, кога Велика Британија, каде 22 милиони луѓе ја добија првата доза, се очекува да забележи посилен раст од 5,1 отсто.

За Франција, ОЕЦД очекува скок од 5,9 отсто, практично непроменет од последните прогнози, 5,7 оттсо за Шпанија, 4,1 отсто за Италија и 3 отсто за Германија.

Моторот на глобалниот раст, Кина, каде што извозот скокна за 60 отсто за една година во период од јануари-февруари, се очекува да забележи раст од 7,8 отсто. Но, токму во Индија е најспектакуларен очекуваниот скок: по падот од 7,4 отсто во 2020 година, БДП се очекува да порасне за 12,6 отсто оваа година.

Next Post

Шахпаска: Социјалниот дијалог е многу значаен кога се разговара за политики кои што се однесуваат во делот на трудот

НАЈНОВО

Во месецот на машкото здравје се прават бесплатни прегледи на пациентите на штипска Урологија

November 5, 2025
Фото: Кабинет на претседател

Сиљановска-Давкова по повод Светскиот ден на ромскиот јазик прими припадници на ромската заедница

November 5, 2025
Скриншот

Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk