ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Схинас: Вакцинација, негативен ПЦР тест или антитела, основните елементи на сертификатот за вакцинација

March 9, 2021 15:12
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Податоци за вакцинација, негативен резултат од ПЦР тест или антитела, се трите основни елементи што треба да ги содржи сертификатот за вакцинација, според потпретседателот на Европската Комисија Маргаритис Схинас, кој во интервју за грчката телевизија ЕРТ, вели дека усвојувањето на предлозите на европско ниво, заедно со техничкиот дел за сертификатот, треба да завршат пред летото, јави дописничката на МИА од Атина.

Откако претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен, преку писмото испратено до европските лидери, во петокот најави дека на 17 март е планирано усвојување на  законодавен предлог на европско ниво за „Дигитален зелен сертификат“ (Digital Green Certificate), Схинас говорејќи за емисијата „Идикес апостолес“ на државната грчка телевизија, открива детали од фазата на подготовки.

Вели дека постои поклопување на ставовите во однос на потребата од дигитален сертификат што ќе биде европски производ и ист во цела Европа.

-Сметаме дека овој сертификат не треба да има премногу податоци, но дефинитивно треба да ги има следниве три: да покаже дали тој што го поседува е вакциниран или не, да ги покаже резултатите од молекуларниот ПЦР тест и да покаже дали има антитела или бил претходно заболен. Веруваме дека комбинацијата на овие три елементи е доволна за некој да се движи во Европа, за да може да ја докаже здравствената состојба во која се наоѓа, објаснува Схинас.

Во однос на тоа дали се покренува прашање на дискриминација кон оние кои не се вакцинирани, потпретседателот на ЕК вели дека „живееме во време на криза“ и потребни се алатки кои ги наметнува кризата и додава дека „не се оправдани критиките дека со ова се отвора врата за дискриминации или дека се злоупотребуваат слободите“, бидејќи веќе има пракса за патување се користи вакцинацијата како доказ, а ја споменува Африка како пример.

-Во нашиот случај, како што објаснив, нема да постои само податокот за вакцинација, туку ќе има податок и за ПЦР и за антитела. Па така, Европеецот, во било кој момент ќе може да докаже дека има еден од трите клучеви за мобилност. Во случај да нема ниту едно од трите, мислам дека е логично да не започне мобилноста, туризмот, ако не се најде во момент кога ќе треба да докаже дека нема да биде опасен за општеството и за останатите, објаснува Схинас.

Додава дека Европската комисија ќе го презентира производот со неговите спецификации, кои ќе бидат исти за цела Европа, но ЕК не одлучува за  параметрите на употребата.
Next Post

Рурална коалција: Голема информираност и поддршка за развој на земјоделските стопанства

Shortcut

Најново

Европска централна банка (фото: Wikipedia)

ЦИВИЛ Медиа анализа: Каматите не ги диктира само Франкфурт, поскапувањето на кредитите не е автоматско

September 14, 2026

Филипче предлага конкретни мерки: Да се укине акцизата за горивата и ДДВ да се намали на 5%

September 14, 2026

„Кога не би бил институција, знам како се решава ова“: Мицкоски очекува судовите да постапат за заканите упатени кон него

September 14, 2026

СДСМ бара истрага од Обвинителството: Каде завршија 5,5 милиони евра од лотаријата за прославата со Дејвид Гета?

September 14, 2026

Војна на бројките – власта брои успеси, опозицијата брои лаги, земјата тоне

September 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk