ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мала ноќна музика

March 10, 2021 10:52
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Фотомонтажа: РИБАРО

Фотомонтажа: РИБАРО

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ / ЦИВИЛ МЕДИА

Ќе биде многу напорно додека се дочека крајот на месецот и вонредниот конгрес на иницијаторите за смена на сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи нивните противници, раководството од „Белата палата“, навистина лавовски се борат за својот опстанок: пропагандната рерна им е вклучена на 1.500 степени, топат партиско „олово“ во неа, не дозволуваат „мува да прелета“ без да направат „тепих“ со тешка артилерија! Гине во таа стратегија и по некое „цивилно население“, ама пресметката е на „живот и смрт“, недолжни цивили не се признаваат. Се кинат глави со „снајпери“, само да зуцне некој како што не треба!

Таа висока доза на агресивност и ароганција може да има и непосакувани последици по самата „Бела палата“. Нервозата околу Мицкоски е толку голема, што сведочи и за несигурноста во сопствените позиции. Во стравот се големи очите! Хистеријата што се манифестира „кон надвор“ којзнае како делува „кон внатре“, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ не е прочуена по негување „демократски стандарди“ кога се справувала со бунтовите во своите редови. Веројатно е дека многу луѓе се турнати „до ѕид“, со вперени „наганти“ в чело: кој не е со нас е против нас – ТИ, со кого си?!

(Во СДСМ, историски, пресметките отсекогаш биле повеќе во „бели ракавици“ и со „свилени гајтани“, иако не помалку ефикасни… Ама за тоа во друга прилика.)

Од другата страна – ‘бати договорот со Заев, ‘бати! – иницијаторите за промени во ВМРО-ДПМНЕ доживеаја непријатен „удар“ со пресудата и затворањето на Мијалков. Но, тоа, на среден рок, може да отвори и други хоризонти кај многумина од нив: на оние што се снебиваа заради „сенката на Мијалков“ врз самата иницијатива, со неговото тргање им се отвора простор за похрабар настап со повикување на „вистинските“ вмровски вредности и интереси, а не оние кои се поврзуваа(т) со интересите на Мијалков. Ним им е потребно „ребрендирање“ на иницијативата, можеби и некакво одлагање на закажаниот конгресен датум, но ако тој „гамбит“ дополнително ги „одлепи“ од асоцијацијата со Мијалков, може да добијат на квалитет, жртвувајќи го темпото.

Сè уште не е јасно кои ќе бидат претседателските кандидати на тој вонреден конгрес и дали иницијаторите не мислат да изберат и некакво привремено колективно раководство, но ако се суди според харангата против Никола Тодоров од страна на агит-пропот на Мицкоски, тој како да собира околу себе доволна критична маса за да се промовира во можен нов лидер на партијата.

„Непријателската“ интервенција на Заев, пак, во ВМРО-ДПМНЕ „во два чекори“ – прво со „од заседа“ изгласаната доверба на Владата во Собранието, а потоа и предлогот за формирање на „обединувачка“ политичка влада, под услов да биде сменет Мицкоски – е директна порака до оние политички елити во ВМРО-ДПМНЕ кои не го сакаат Мицкоски, а се двоумат што да прават со себе и со својата партија. Всушност, Заев им нуди „ребрендирање“ на партијата и фаќање „чекор со времето“, кога веќе Мицкоски не успеа за четири години од ВМРО-ДПМНЕ да направи евро-атлантска формација што ќе го остави „груевизмот“ зад себе.

До сега, не се прослави Заев со таа импровизирана иницијатива ни кај „своите“, но неговата упорност не е за потценување, особено ако наиде на меѓународни „одеци“. Тоа посадено „семе“, ако се погодат наредниве недели доволно влажни, може и некое цветче да истера напролет…

Всушност, на крајот, доколку иницијаторите го одржат вонредниот конгрес, а на него соберат две-третини од пратениците од претходниот конгрес, одлуките што ќе ги донесат ќе имаат политичка, ако не и правна тежина, за да бидат регистрирани како ново раководство во надлежниот суд.

Но, од тоа како ќе се одвиваат настаните ќе зависат најмалку две други важни работи: кој ќе го прифати тоа раководство дома и во странство како релевантна страна за разговор (памтите, и кога се бираше Груевски на времето, Љубчо Георгиевски го предложи него заради таа негова „прифатливост“ за дома и, особено, во странство); и, поврзано со претходното, колку пратеници од моментниот парламентарен состав на ВМРО-ДПМНЕ политички ќе се „отцепат“ од Мицкоски и ќе се приклонат кон „новата реалност“ на деблокиран парламент, зголемена меѓупартиска соработка и побрзо унапредување на сите, па и на европската агенда во земјава.

Има логика.

Можеби вака станува појасно зошто заглушувачкото врескање од „Белата палата“ по сите теми и проблеми е двојно над дозволените законски децибели за невознемирување на пристојното граѓанството. И до кога ќе трае пренесувањето на таа врева на блиските медиуми и платформи до сегашното раководство во „Белата палата“… Оти кога тие ќе стивнат и ќе дојде време за мала ноќна музика, значи дека „катил ферманот“ за смена на Мицкоски е испратен и пристигнал во Скопје.

Е, дали (и кога) тоа ќе се случи, е прашање за милион долари… помножени неколку пати со 100.

 


Сите права се задржани.  Текстот е личен став на Авторот.

Next Post

Само 328 лица од С Македонија се пријавиле за гласање на изборите во Бугарија

НАЈНОВО

Скриншот

Рама: Министерката создадена со вештачка интелигенција Диела е бремена, очекуваме 83 деца

October 27, 2025

„Ле Каландре“ од Италија е најдобар ресторан во светот за 2025

October 27, 2025
Фото: МИА

Лазаров: Манасков игра во одлична форма и затоа доби повик, но тој го одби

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk