пишува: РИБАРО
После интензивни реакции од граѓани за неподнослива смрдеа на плоштадот ВМРО во Скопје, и после извршени многу инспекциски надзори од санитарните служби, Град Скопје одлучи да постави мерна станица за мерење на нивото за загаден воздух точно на плоштадот ВМРО пред Белата палата.
Екипата на АХА! спроведе анкета на лице место и ги праша граѓаните дали ја сеќаваат миризбата, кое е нивното мислење и дали местото на мерната станица е добро одбрано:
Не се поднесуваше повеќе. Секогаш кога ќе се отвореше врата или прозорец од Палатата излегуваше некоја тешка миризба. Не знам точно да опишам, но како нон-стоп некој да готвеше некој Маџарски гулаш со оние тешки Будимпештански зачини кои штипат за очи и добиваш вртоглавица. Во последно време дури се повеќе и повеќе се сеќава неподносливата реа, не се издржуваше и моравме да пријавиме, рече вработена госпоѓа во блиска продавница до седиштето на ЖМРО.
Случаен минувач се уфрли со краток коментар:
А што очекувате вие кога Мицко ги носи истите чорапи што ги носеше Грујо со години?!
Одличен потег на Шилегов, сега барем емпириски поткрепено ќе се потврди децениската смрдea
Нашите извори пак од вработените во Белата палата, велат дека на почетокот нешто сеќавале, но кога сфатиле дека реата доаѓа од внатре, со тек на време се навикнале, па веќе не ја ни опишуваат како тешка смрдеа, иако со години ги труе и нив и скопјани и другите во државата.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK